Мона Лиза, статуата на Давид – Каде можете да ги видите најпознатите уметнички ремек-дела?
Статуата на Давид – Галерија на академијата во Фиренца, Италија
Микеланџело ја направил огромната статуа на Давид на почетокот од 16-тиот век, кога имал само 26 години. Статуата го претставува библискиот лик Давид пред неговата битка со Голијат.
Првично планот бил статуата да се наоѓа на отворено, но од 1872 година се наоѓа во внатрешноста на Галеријата на академијата во Фиренца, Италија.
Бакнежот – Австриска галерија Белведере во Виена, Австрија
Најпознатото дело на Густав Климт е направено во периодот 1907-1908 година и се смета за една од најромантичните слики во светот.
Австриската влада ја купила сликата кога првпат била изложена и ја сместила во Австриската галерија Белведере во Виена.
Врисок – Национална галерија на Норвешка во Осло
Познатото дело на Едвард Мунк е завршено во 1893 година.
Сликата првпат била изложена во Норвешка во 1895 година и набрзо потоа станала дел од Национална галерија на Норвешка во Осло.
Долготрајноста нa спомените – Музеј на современа уметност во Њујорк, САД
Салвадор Дали го завршил препознатливото дело Долготрајноста на спомените во 1931 година.
Три години подоцна, во 1934-та, сликата била изложена во Музејот на современа уметност во Њујорк и оттогаш се наоѓа таму.
Создавањето на Адам – Сикстинска капела во Ватикан
Фреската насликана од Микеланџело е една од најпознатите слики во светот. Познатиот уметник работел на делото околу четири години, односно од 1508 до 1512 година.
Сликата се наоѓа на таванот на Сикстинската капела во Ватикан.
Спирова С. | Црнобело