Мона Лиза, статуата на Давид – Каде можете да ги видите најпознатите уметнички ремек-дела?

Ако сакате да ја видите Мона Лиза, ќе треба да го посетите Лувр, а можете да ѝ се восхитувате на фреската Создавањето на Адам ако одите во Сикстинската капела во Ватикан.

mona-liza-statuata-na-david-kade-mozhete-da-gi-vidite-najpoznatite-umetnichki-remek-dela-01.jpg

Дел од најпознатите уметнички дела на сите времиња не биле добро прифатени уште на почетокот. На пример, Винсент ван Гог не бил ценет додека бил жив и неговите дела почнале да се продаваат по огромни суми дури по неговата смрт.

Поради ова, голем број бесценети уметнички дела биле во сопственост на разни колекционери, галерии и музеи низ годините.

Нo, каде се наоѓаат денес дел од најпознатите уметнички дела на сите времиња?

Мона Лиза – музејот Лувр, Париз

Најпознатиот портрет во светот е дело на Леонардо да Винчи и е насликан во периодот околу 1506 година.

Од 1804-та, сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

mona-liza-statuata-na-david-kade-mozhete-da-gi-vidite-najpoznatite-umetnichki-remek-dela-02.jpg

Тајната вечера – црквата Санта Марија дела Грација во Милано, Италија

Микеланџело почнал да работи на Тајната вечера во 1495 година. Огромното дело е насликано на ѕидот на црквата Санта Марија дел Грација во Милано, Италија, а било завршена во 1498 година.

mona-liza-statuata-na-david-kade-mozhete-da-gi-vidite-najpoznatite-umetnichki-remek-dela-03.jpg

Ѕвездена ноќ – Музејот на современа уметност (MoMA) во Њујорк, САД

Винсент ван Гог ја насликал Ѕвездена ноќ додека бил во ментална установа во јужна Франција во 1889 година.

Ван Гог му ја дал сликата на брат му, а неговата сопруга успеала да ја продаде на колекционер во 1900 година.

Сликата имала неколку разни сопственици пред да биде изложена во Музејот на современа уметност во Њујорк во 1941 година.

mona-liza-statuata-na-david-kade-mozhete-da-gi-vidite-najpoznatite-umetnichki-remek-dela-04.jpg

Герника – музејот Реина Софија во Мадрид, Шпанија

Огромното ремек-дело на Пабло Пикасо се смета за едно од најголемите богатства во Шпанија. Сликата била направена во 1937 година по нарачка на шпанската влада која сакала дело што ќе ја подигне свеста за последиците од војните.

Од 1981 година сликата се наоѓа во музејот Реина Софија во Мадрид.

mona-liza-statuata-na-david-kade-mozhete-da-gi-vidite-najpoznatite-umetnichki-remek-dela-05.jpg

Раѓањето на Венера – музејот Уфици во Фиренца, Италија

Едно од најпознатите дела од ренесансата – Раѓањето на Венера – е дело на Ботичели.

Сликата е завршена во 1486 година, а се наоѓа во познатиот музеј Уфици од почетокот на 20-тиот век.

mona-liza-statuata-na-david-kade-mozhete-da-gi-vidite-najpoznatite-umetnichki-remek-dela-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Морничави уметнички ремек-дела за кои сите би требало да знаат Сликата на Фрида Кало инспирирана од нејзиниот спонтан абортус, како и сликата н...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg