Разделени заби и уште 7 ретки карактеристики што можеби ги имате и вие

Дали имате разделени заби или можеби сте родени со природно руса коса? Тогаш вие сте личност со уникатна карактеристика што се јавува кај многу мал број од населението.

razdeleni-zabi-i-ushte-7-retki-karakteristiki-shto-mozhebi-gi-imate-i-vie-001.jpg

Генетиката е навистина неверојатна и иако обично ги наследуваме особините од нашите родители, баби и дедовци, некогаш наследуваме карактеристики и од многу дамнешни предци.

Некогаш, пак, самите сме сведоци на еволуцијата – некои луѓе немаат карактеристики што ги има кај повеќето (како умници) бидејќи повеќе не ни се потребни.

Во продолжение осум ретки карактеристики што можеби ги имате и вие:

Дијастема

Терминот дијастема се однесува на разделени заби – карактеристика што некои познати личности си ја направија заштитен знак. Оваа уникатна особина ја има околу четвртина од возрасното население.

razdeleni-zabi-i-ushte-7-retki-karakteristiki-shto-mozhebi-gi-imate-i-vie-02.jpg

Отпечатоци на прстите

Иако сите имаме уникатни отпечатоци на прстите, кај повеќето луѓе некои форми се повторуваат. На пример, околу 65% од луѓето имаат многу искривени линии, околу 30% имаат спирали, а само 5% од луѓето имаат отпечатоци со помали криви линии.

razdeleni-zabi-i-ushte-7-retki-karakteristiki-shto-mozhebi-gi-imate-i-vie-03.jpg

Испакнат папок

Наводно, само 10 во 100 луѓе имаат ваква форма на папокот. Иако порано се веруваше дека формата на папокот зависи од тоа како ќе биде пресечена папочната врвка, експертите велат дека за ова се одговорни многу други фактори.

razdeleni-zabi-i-ushte-7-retki-karakteristiki-shto-mozhebi-gi-imate-i-vie-04.jpg

Непрекината линија на дланката

Ако имате линија која минува низ целта дланка без прекини, тогаш спаѓате во само 1,5% од населението.

Оваа карактеристика е почеста појава кај мажите и обично е наследна.

razdeleni-zabi-i-ushte-7-retki-karakteristiki-shto-mozhebi-gi-imate-i-vie-05.jpg

Руса коса

Со многу светла, односно природно руса коса се раѓаат само околу 5% од луѓето.

razdeleni-zabi-i-ushte-7-retki-karakteristiki-shto-mozhebi-gi-imate-i-vie.jpg

Немање умници

Бидејќи умниците повеќе не ни се потребни, луѓето веќе се раѓаат без нив. Сепак, нивниот број сè уште е мал – се верува дека од 5% до 37% од луѓето се раѓаат без умници.

razdeleni-zabi-i-ushte-7-retki-karakteristiki-shto-mozhebi-gi-imate-i-vie-07.jpg

Изострено сетило за вкус

Знаевте ли дека околу четвртина од населението има поизострено сетило за вкус? Причината за ова е поголемиот број рецептори за вкус на јазикот.

razdeleni-zabi-i-ushte-7-retki-karakteristiki-shto-mozhebi-gi-imate-i-vie-08.jpg

Подолг втор прст на стапалата

Ако вториот прст на стапалата ви е подолг од палецот, тогаш имате ретка карактеристика. Се верува дека оваа карактеристика се јавува кај 5% до 22% од луѓето.

Според научникот што ја забележал оваа карактеристика, таа е можеби остаток од нашите предци кои имале поподвижни и пофлексибилни стапала – како мајмуните.

razdeleni-zabi-i-ushte-7-retki-karakteristiki-shto-mozhebi-gi-imate-i-vie-9.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg