„Направив трансплантација на коса – 30 дена не смеев да имам секс и уште 4 работи кои се забранети“

Пушење

Со цел вашиот скалп и ново трансплантираната коса да заздрават побрзо, потребно е да се откажете од никотинот.

Се смета дека цигарите може да го забават процесот на заздравување на раните и да го намалат протокот на крв до новите влакна.

Пушењето го стеснува крвните садови, а јаглеродниот моноксид во чадот ја намалува способноста на крвните клетки да го пренесуваат кислородот, и поради тоа процесот на заздравување оди многу побавно.

Најголем проблем со ова имаат хроничните пушачи, па затоа лекарите најчесто бараат од пациентите одреден период пред и по трансплантацијата да се откажат од цигарите.

zoshto-treba-da-se-apstinira-od-seks-po-transplantacija-na-kosa-shto-drugo-ne-treba-da-se-pravi-04.jpg

Алкохол

Алкохолот може да предизвика проретчување на крвта и го попречува процесот на коагулација. Освен тоа, алкохолот може да го спречи и дејството на антибиотиците што треба да се пијат по операцијата.

Поради ова, лекарите пред и по процедурата препорачуваат да се регулира консумирањето алкохол.

zoshto-treba-da-se-apstinira-od-seks-po-transplantacija-na-kosa-shto-drugo-ne-treba-da-se-pravi-05.jpg

Секс и физичка активност

Најчесто се препорачува да се воздржите од каква било физичка активност и секс во период од две недели.

Објаснувањето е едноставно - физичката активност (вклучително и сексот) го зголемуваат крвниот притисок и го зголемуваат ризикот од крварење.

Освен тоа, за време на секс постои опасност ненамерно новите влакна да бидат извлечени или повредени.

Вообичаено потребни се од 4 до 12 дена за новите влакна да пуштат корен, па затоа најверојатно ќе ви биде препорачано да не ги допирате местата каде што била извршена трансплантација.

Не треба да се бришете со крпа, па дури ни да спиете на перница за патување, за да го намалите контактот на перницата со главата.

zoshto-treba-da-se-apstinira-od-seks-po-transplantacija-na-kosa-shto-drugo-ne-treba-da-se-pravi-06.jpg

Заштита од сонце

Најверојатно лекарите ќе ви препорачаат да ја заштитите косата од сонцето во период од неколку месеци по трансплантацијата и да избегнувате потење на главата.

 Потењето може да предизвика насобирање бактерии на главата и да предизвика инфекции.

Освен тоа, треба да имате предвид дека кожата на скалпот ќе биде чувствителна по процедурата, па можете да ризикувате изгореници на главата или да ги оштетите новите влакна.

zoshto-treba-da-se-apstinira-od-seks-po-transplantacija-na-kosa-shto-drugo-ne-treba-da-se-pravi-08.jpg

Пливање 

Иако можеби вие сте мошне внимателни и нема да ја ставате главата под вода, не можете да знаете кога некој ќе добие идеја да ве испрска на плажа.

Исто така, песокот може да ја иритира кожата, а нечистата вода може да предизвика инфекции.

Хлорираната вода во базените може да ги оштети новите влакна, па затоа ако морате да одите на базен, се препорачува барем првите 14 дена по процедурата да ги поминете подалеку од водните површини, под чадор за сонце.

zoshto-treba-da-se-apstinira-od-seks-po-transplantacija-na-kosa-shto-drugo-ne-treba-da-se-pravi-07.jpg

Секако, кога би се одлучиле за ваква процедура, ќе добиете детални упатства до кои треба да се придржувате. 

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Лак за нокти, фен за коса – Како изгледале секојдневните предмети во минатото? (фото) Сте виделе ли како изгледа фен за коса од пред 100 години? А, знаете ли какви вл...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg