8 работи од секојдневието кои повеќето луѓе ги прават погрешно
Чувате чоколадо во фрижидерот
Ако го чувате чоколадото во фрижидерот, нема да му го продолжите рокот на траење, туку само ќе го расипете вкусот.
Веројатно и самите имате забележано дека чоколадото има навистина лош вкус ако стоело во фрижидер.
Ја заменувате правосмукалката со робот
Роботите се генијално решение за домаќинствата, но не можат да ја заменат класичната правосмукалка.
Овие роботи можат да ја намалат потребата од секојдневно метење, но не можат да заменат темелно чистење со правосмукалка.
Неправилно ги држите дланките додека пишувате на тастатура
Ако често пишувате на тастатура, важно е правилно да ги поставувате дланките за да избегнете многу проблеми.
Треба да ги поставите лактите на бирото, најдобро под прав агол, но и да ги користите сите прсти.
За полесно да се навикнете да пишувате со сите прсти, поставувајте ја левата дланка кај буквите A, S и D, а десната кај J, K и L.
Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот
Можеби ова е најпрактично, но не е препорачливо да ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот.
Подобро ставете ги најдолу и што е можно поназад, односно на место каде што нема чести промени на температурата поради отворањето на вратата.
Спирова С. | Црнобело