8 работи од секојдневието кои повеќето луѓе ги прават погрешно
Дали имате навика да го чувате чоколадото или авокадото во фрижидер? Ова е грешка што ја прават многумина.
Многу од секојдневни работи ги правиме „автоматски“ – не им обрнуваме многу внимание бидејќи, сепак, станува збор за едноставни задачи.
Поради ова, не ни помислуваме дали можеби правиме и некоја грешка.
Но постојат бројни ситни работи што повеќето од нас ги прават погрешно.
Во продолжение дел од најчестите:
Не го „заклучувате“ патентот
Дали знаевте дека можете да го „заклучите“ патентот од фармерките?
Ако го свртите надолу, ќе го активирате механизмот што го спречува откопувањето, односно ќе го „заклучите“.
Авокадото го чувате во фрижидер
Ако чекате авокадото да созрее за да можете да го изедете, немојте да го чувате во фрижидер – вака само ќе го забавите овој процес.
Најдобро е да го чувате на темно и суво место додека да му дојде време за јадење.
Ставате омекнувач директно на облеката
Можеби мирисот од омекнувачот е биде посилен ако го ставите директно на облеката, но избегнувајте да го правите ова.
На овој начин можат да останат дамки на облеката и омекнувачот да не се исплакне убаво.
Ако, пак, перете на рака, најдобро е прво да го растворите омекнувачот во водата, па потоа да ја ставите облеката.
Ставате замрзнати садови во рерната
Кога станува збор за керамички и стаклени садови, избегнувајте ги наглите промени на температурата бидејќи можат да пукнат.
Ако размрзнувате нешто, или ставете го во друг сад, или оставете да се одмрзне неколку часа во фрижидер, па ставете го во рерната.