Одговори на вечните прашања

odgovori-na-vecnite-prasanja-povekjeОдговорите на прашањата како на пр. "Дали рибите можат да дишат надвор од вода?" или "Дали ако голтнеш мастика ќе остане во организмот неколку...

 

odgovori-na-vecnite-prasanja

...години?" ретко кој ги знае. Ние најдовме одговори за некои од нив. Погледнете ги во продолжение.

1. Што значи ОК?
Според најпознатата теорија, ОК доаѓа од "oll korrect" што е намерна грешка од "all correct". Поточно, користењето на овој израз произлегува од Бостонски весник во 1840 година, кога се сметало дека е интересно и модерно погрешно да се спелува за да се добие хумористичен ефект.

2. Дали ако голтнеш мастика ќе остане во организмот неколку години?
Не. Мастиката за џвакање е несварлива, но нема ниедно магично својство кое ќе и овозможи да избега од нормалниот дигестивен пат. Овој пат вообичаено трае 3 дена.

3. Дали настинките ќе исчезнат доколку сите луѓе останат дома?
Да. Глобалниот карантин би работел во теорија. Сепак, доколку само еден човек излезе од карантинот, настинката повторно ќе се рашири.

4. Дали рибите можат да дишат надвор од вода?
Да. Неколку вида на риба можат да дишат и да лазат надвор од водата. Истотака, постојат околу 50 вида на летечки риби.

5. Дали растенијата умираат од старост?
Зависно од условите, некои растенија можат да живеат засекогаш. Потребна е промена во надворешните услови за тие да овенат.

6. Дали зборувањето сам со себе е знак за лудило?
Не. Феноменот познат како "приватен говор", во кој луѓето зборуваат на глас сами со себе кога се под стрес или сами, се сосема нормално.

7. Дали мажите имаат целулит?
Да. Не се само жените тие кои се проколнати со кожа како портокал, иако машкиот целулит е најчесто распределен на други места, како вратот и стомакот.

8. Од каде доаѓаат фобиите?
Околу 10% од светската популација страда од фобии. Некои можат да бидат предизвикани од некој трауматичен настан, додека пак другите се поврзани со физички проблеми.

9. Дали големината на главата влијае на коефициентот на интелигенција?
Не. Според една студија, постои врска помеѓу големината на главата и големината на мозокот, но дека коефициентот на интелигенција не зависи од тие големини.

Би можело да ве интересира:

11 предупредувачки знаци дека на животниот пат имате лоша личност Карактеристика на лошите личности: Задржуваат информации за себе и сметаат дека ...
Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...
Каде треба да ги чувате златните рипки за да ви донесат среќа и благосостојба, според Фенг Шуи Златните рипки отсекогаш биле симбол на богатство и благосостојба. Колку рипки т...
Кога дизајнерите ќе претераат со креативност – смешни и неупотребливи предмети (фото) Бизарни украси кои чинат цело богатство и мијалник кој изгледа добро, но ќе треб...
Доза носталгија: Работи што ги правевме во детството, кога немавме интернет Решававме квизови во списанија и чекавме да ни го развијат филмот во фото-студио...
Која е жената која е инспирација за Роуз од „Титаник“? Беатрис била заљубена во индиски научник но уште на почетокот на врската знаела ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg