8 совети за ефикасно пакување кога немате многу простор во куферот

Пред да почнете со пакување, прашајте дали во хотелот/вилата каде што ќе престојувате се нудат крпи и фен за коса. Ако одговорот е да, нема потреба да ги носите овие работи.

8-soveti-za-efikasno-pakuvanje-koga-nemate-mnogu-prostor-01.jpg

Иако сите сакаме да патуваме, подготовките, посебно пакувањето, можат да бидат навистина стресни.

Неретко, сакајќи да се осигураме дека секогаш ќе го имаме она што ќе ни притреба, настојуваме да пакуваме сè и сешто, како пет пара фармерки и четири фустани за 5-дневно патување, и полниме повеќе од еден куфер.

Па, како да се спакувате ефикасно, особено кога немате многу простор?

Дали навистина ви треба лаптоп?

Ако одите на одмор, а не на деловно патување, зарем има потреба да носите и лаптоп?

На вашиот смартфон ги имате сите алатки што би можеле да ви притребаат во текот на патувањето – од мапи до онлајн купување билети за музеи – па не мора лаптопот да ви зафаќа место.

8-soveti-za-efikasno-pakuvanje-koga-nemate-mnogu-prostor-02.jpg

Избегнувајте да носите книги

Ако сте страстен читател, нормално дека ќе сакате да понесете и книга на вашиот одмор. Но, најдобро не земајте повеќе од една „физичка“ книга и ќе заштедите многу простор.

Ако мислите дека ќе прочитате повеќе од една книга, барем додека сте на одмор дајте им шанса на електронските изданија.

8-soveti-za-efikasno-pakuvanje-koga-nemate-mnogu-prostor-03.jpg

Понесете ги само неопходните апарати за коса

Нема потреба да носите цел фризерски салон кога одите на одмор. Ако е лето, многу подобро е да ја оставите косата да ви се исуши природно наместо да носите цел фен. Всушност, многу хотели имаат и фенови, па овој проблем е решен.

Ако сепак секојдневно користите некој апарат, како пегла за коса, понесете го само тоа, но не и фигаро и четка и што уште не.

8-soveti-za-efikasno-pakuvanje-koga-nemate-mnogu-prostor-04.jpg

Некогаш ни крпите не се неопходни

Пред да почнете со пакување, прашајте дали местото каде што ќе отседнувате нуди и крпи.

Ако одговорот е да, нема потреба да го полните куферот со крпи.

8-soveti-za-efikasno-pakuvanje-koga-nemate-mnogu-prostor-05.jpg

Бидете реалистични со облеката

Ако одморот трае пет дена, дали сигурно ќе износите четири пара фармерки, пет фустани и три здолништа?

За да не го преполните куферот со облека, направете си комбинации за секој ден од вашето патување и спакувајте ги само тие парчиња.

Ако сте ограничени со простор, потрудете се едно парче да вметнете во повеќе комбинации.

8-soveti-za-efikasno-pakuvanje-koga-nemate-mnogu-prostor-06.jpg

Истото важи и за чевлите

Кога ќе ги правите комбинациите со облека, потрудете се да можете да ги носите со најмногу два пара чевли.

Ако станува збор за просечно патување од најмногу 10 дена, сосема доволно ќе ви бидат чевлите со коишто ќе патувате и уште еден пар.

Нормално, ако одите на плажа, понесете и влечки или сандали за таму.

8-soveti-za-efikasno-pakuvanje-koga-nemate-mnogu-prostor-07.jpg

Исчистете го несесерот

За да не носите цел куп неупотребливи шминки и козметика, детално исчистете го несесерот.

Фрлете ги празните и старите амбалажи и оставете го само она што навистина го користите.

8-soveti-za-efikasno-pakuvanje-koga-nemate-mnogu-prostor-08.jpg

Не носете скап накит

Бидејќи секогаш постои можност да загубите нешто кога сте на патување, немојте да ризикувате и оставете го скапиот накит дома.

8-soveti-za-efikasno-pakuvanje-koga-nemate-mnogu-prostor-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg