„Владетел, крал, создаден за успех“ - Значење на името Васил
Името Василиј се смета дека е со грчко потекло и дека потекнува од зборот βασιλευς - што значи „крал“ или „царски“, „кралски“.
Пренесеното значење на ова име е и „оној кој е роден со благородно потекло“, „кој е роден за успех“, „оној кој е создаден за големи дела и успеси“, „принц“, „владетел“.
Скратени верзии од името Василиј се и Васил, Васе, Васка.
Луѓето со ова име слават именден на 14-ти јануари, односно на празникот Свети Василиј Велики.
Василиј е смирен и трпелив и секогаш сака нештата да ги извршува на сопствен начин и не води премногу сметка за туѓите коментари и критики.
Заради тоа што критички ги бира луѓето што го опкружуваат само мал дел од познаниците и пријателите остануваат во неговиот најблизок круг, но тоа не значи дека станува збор за човек што е интроверт и повлечен.
Напротив, Василиј е мошне практичен и не сака да губи време на неважни работи и на „лажни“ пријателства.
Способен е да направи големи нешта кога ќе се потпре на сопствената интуиција, а по природа се авантуристи што уживаат во патувања.
Означете ги во коментар вашите Василиј, Васил, Васе, Васко, Васка и честитајте им именден.
Б. С. Б. | Црнобело