Во Јапонија се чисти домот, во Италија се фрлаат стари предмети од прозорец – Невообичаени традиции за Нова година во светот

Во Јапонија пред доаѓањето на Нова година семејството се вклучува во ритуално чистење на домот, во Данска се кршат чинии од вратите на домовите на пријателите, а во Бразил сите носат бело. Како се слават новогодишните празници во светот?

vo-japonija-se-chisti-domot-vo-italija-se-frlaat-stari-predmeti-od-prozorec-nevoobichaeni-tradicii-za-nova-godina-vo-svetot-01.jpg

Најголем дел од луѓето низ светот Нова година ја слават на 31-ви декември. Овој ден најчесто подразбира забави, собири со по некоја пијалак, вкусна храна, но и давање збор дека ќе промените некои работи во својот живот, а најчесто до дадениот збор се држиме до февруари.

Сепак, голем број земји во светот имаат свои уникатни традиции за Новата година.

Во продолжение погледнете некои интересни факти за тоа кои се познатите ритуали за новогодишната вечер во светот:

Фрлање стари предмети од прозорец

Во делови од Италија (како Рим и Неапол) луѓето ја пречекуваат новата година така што исфрлаат преку прозорецот стари предмети (најчесто садови).

Овој ритуал го симболизира ослободувањето од непотребното и старото за да се направи место за нов почеток. 

vo-japonija-se-chisti-domot-vo-italija-se-frlaat-stari-predmeti-od-prozorec-nevoobichaeni-tradicii-za-nova-godina-02.jpg

Почнете ја годината со бањање во ледена вода

На полуостровот Кони Ајланд во Њујорк постои традиција годината да се започне со бањање во ледените води на Атлантскиот Океан.

Овој ритуал е познат како Polar Bear Plunge, а најчесто учесниците го користат овој настан за да соберат финансии за непрофитни организации.

vo-japonija-se-chisti-domot-vo-italija-se-frlaat-stari-predmeti-od-prozorec-nevoobichaeni-tradicii-za-nova-godina-03.jpg

Грозје на полноќ

Во Шпанија постои традиција и суеверие според кое точно на полноќ треба да изедете 12 зрнца грозје за среќни 12 месеци во следната година. 

vo-japonija-se-chisti-domot-vo-italija-se-frlaat-stari-predmeti-od-prozorec-nevoobichaeni-tradicii-za-nova-godina-04.jpeg

На гости кај пријателите

Во делови од Шкотска веднаш по отчукувањето на полноќ на Нова година постои традиција според која треба да одите во домот на пријателот или на соседот.

Кога одите со вас треба да понесете и симболичен подарок што ќе му донесе среќа на домаќинот. 

vo-japonija-se-chisti-domot-vo-italija-se-frlaat-stari-predmeti-od-prozorec-nevoobichaeni-tradicii-za-nova-godina-05.jpeg

Скршете чинија од вратата на домот на пријателите

Во Данска постои традиција според која треба да се скрши чинија од вратата на пријателите.

Доколку најдете голем куп скршени чинии утрото на 1-ви јануари тоа значи дека сте среќен човек и имате многу пријатели.

vo-japonija-se-chisti-domot-vo-italija-se-frlaat-stari-predmeti-od-prozorec-nevoobichaeni-tradicii-za-nova-godina-06.jpg

Генералка на Нова година

Во јапонската традиција постои ритуално чистење во последните неколку часови од старата година, наречено Oosouji, според кое сите членови на семејството се вклучуваат во генерално чистење на домот.

По ова се служи традиционалното јапонско јадење со риба, мешунки и јајца и новогодишни тестенини. Долгите тестенини симболизираат долг живот.

vo-japonija-se-chisti-domot-vo-italija-se-frlaat-stari-predmeti-od-prozorec-nevoobichaeni-tradicii-za-nova-godina-07.jpg

Бела облека

Во Бразил традиционално за Нова година се носи бела облека. Постои верување дека белата облека ќе им донесе добра среќа и мир.

vo-japonija-se-chisti-domot-vo-italija-se-frlaat-stari-predmeti-od-prozorec-nevoobichaeni-tradicii-za-nova-godina-08.jpg

Обесете кромид пред врата

На грчкиот остров Крит кромидот е симбол за добра среќа и плодност затоа што расте и кога никој не му обрнува внимание.

На Нова година на овој остров постои традиција да се обесуваат врзопи со кромид пред влезните врати за да се повика благосостојбата во домовите.

vo-japonija-se-chisti-domot-vo-italija-se-frlaat-stari-predmeti-od-prozorec-nevoobichaeni-tradicii-za-nova-godina-09.jpg

Фрлање кофа со вода

Во Порторико постои традиција на фрлање кофа вода од прозорецот.

Се верува дека на овој начин ќе се избркаат лошите духови од домот, но може да биде мошне непријатно за луѓето што ќе се најдат под прозорецот. Во Порторико исто така фрлаат шеќер пред домовите за да ја повикаат добрата среќа.

vo-japonija-se-chisti-domot-vo-italija-se-frlaat-stari-predmeti-od-prozorec-nevoobichaeni-tradicii-za-nova-godina-10.jpg

Бакнеж за Нова година

Традицијата за бакнеж за Нова година најверојатно потекнува од германскиот и од англискиот фолклор, каде се верувало дека првата личност што ќе ја сретнете ви ја одредува среќата во следната година.

Со текот на времето луѓето решиле да бидат пребирливи и сега ги бакнуваат луѓето што им се допаѓаат за Нова година или партнерите/децата.

vo-japonija-se-chisti-domot-vo-italija-se-frlaat-stari-predmeti-od-prozorec-nevoobichaeni-tradicii-za-nova-godina-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Фото: pexels.com/freepik.com

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg