Најосаменото дрво во светот и уште 7 природни светски чуда кои не постојат повеќе

Карпата El Dedo de Dios, Шпанија

Карпата чие име во превод значи „божји прст“ се наоѓа на брегот на еден од Канарските Острови, а препознатлива е по горниот дел кој навистина изгледа како прст.

Карпата е сместена во област каде што се наоѓаат најстарите карпи на островот за кои се верува дека настанале пред околу 14 милиони години. Необичната форма на карпата се формирала во период од 200-300.000 години.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-10.jpg

Во ноември 2005 година, по силна бура, горниот дел на карпата, односно прстот, се открши и падна во водата.

По трагичниот настан, властите дебатирале за тоа дали да изградат реплика од „прстот“, но на крај донеле заклучок дека е подобро да ја остават карпата таква каква што е, но и подобро да ја заштитат.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-11.jpg

Карпата „Големо камено лице“, САД

Карпата нарекувана „Големо камено лице“, „Стариот човек од планината“ и „Профилот“ се всушност неколку карпи во Њу Хемпшир САД кои наликуваат на човечки профил кога се гледаат од северната стана.

Оваа формација се наоѓаше на 370 метри надморска височина, беше 12 метри висока, како и 7,6 метри широка.

Првите записи за формацијата датираат од 1805 година и била симбол за тамошните Мохиканци.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-12.jpg

Првите големи пукнатини на формацијата почнале да се појавуваат во 1920-тите и прво биле стегнати со синџири. Во 1957 година властите пробале дополнително да ги заштитат карпите.

И покрај сите напори, на 3 мај 2003 година, формацијата се сруши.

За околните жители ова било толкава трагедија, што оделе да ѝ оддадат почит на формацијата па дури и положувале цвеќе.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-13.jpg

Аралско Езеро, помеѓу Казахстан и Узбекистан

Во минатото Аралското Езеро било едно од најголемите во сетот, со површина од 68.000 километри квадратни. Езерото било толку големо, што во него се наоѓале над 1.000 острови.

Во 1960-тите почнало неконтролирано да се користи за наводнување, па до 1997 година останале само 10% од неговата површина.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-14.jpg

Поради намалувањето на водата, езерото беше поделено на четири многу мали езера. До 2009 година, едно од овие езера целосно се исуши, а од друго остана само мала количина вода. Пресушениот дел денес е пустина.

Сушењето на езерото се смета за една од најлошите еколошки катастрофи, а сега властите се обидуваат да ги спасат барем малите делчиња што останаа.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-15.jpg

Дрвото Ténéré, Нигерија

Некогаш ова важеше за најосаменото дрво на светот.

Дрвото од видот Acacia raddiana беше како заштитен знак на регионот Ténéré во пустината Сахара и околу него немаше ниту едно друго дрво во радиус од дури 150 километри.

Кон крајот на 1930-тите, откако со децении се знаело за дрвото, бил ископан бунар во близина што се открило дека неговите корени продираат околу 33 метри под земја до подземен резервоар со вода.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-16.jpg

За жал, во 1973 година во дрвото удри маж со камион и го уништи. Денес стеблото се наоѓа во музеј во главниот град на Нигерија, а на местото каде што се наоѓаше е поставена метална скулптура.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-17.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg