10 сосема нормални работи за кои мажите не треба да се срамат, низ илустрации
И мажите можат да ги следат модните трендови, и мажите можат, но и треба да помагаат со домашните обврски, а ако повеќе сакаат да читаат отколку да гледаат фудбал, тоа е сосема во ред.
Нееднаквоста помеѓу мажите и жените уште постои и додека жените се обесправени за одредени работи, и на мажите им се случува истото, но за сосема поразлични нешта.
Од мажите се очекува да бидат „мажи“, да ги кријат тагата и негативните емоции и да не покажуваат „слабост“. Ова е многу погрешно.
Постојат и разни верувања останати од порано според кои обврските, хобијата и сè останато се дели на „машко“ и на „женско“. И ова е многу погрешно.
Мажите и жените се човечки суштества и треба дa имаат слобода да ги прават нештата што им причинуваат задоволство, без разлика дали општеството ги гледа како „машки“ или „женски“.