Најчестите трикови со кои луѓето околу вас ве манипулираат, додека слепо им верувате

Неретко глумат жртви

За да го избегнат соочувањето со последиците, манипулаторите неретко глумат жртви и ги обвинуваат другите за нивните грешки. Сепак, имајте на ум дека некогаш луѓето несвесно го прават ова поради страв и анксиозност.

Во ваквите ситуации немојте да го критикувате соговорникот, особено ако не сте сигурни зошто самиот се става во положба на жртва. Наместо тоа, разговарајте за проблемот и помогнете му да го разбере и реши.

najchestite-trikovi-shto-gi-koristat-manipulatorite-za-koi-treba-da-bidete-svesni-06.jpg

Прават да се чувствувате виновно ако ги критикувате за нешто

Манипулаторите не сакаат кога се обвинувани за нешто, дури и ако навистина го направиле, па ако некој им прозбори за тоа, тие ќе најдат начин да го натераат соговорникот да се чувствува лошо.

Наместо да си ја признаат грешката, тие ќе ве натераат да мислите дека сте лоша личност што воопшто сте ја спомнале. Поради ова, пак, разговорот за нивната грешка ќе биде прекинат.

Во ваквите ситуации ќе ви треба малку храброст за да го задржите вашиот став и важно е да бидете сигурни во себе, да ја изнесете вашата поента и да не „паѓате“ на обидите на манипулаторот да го избегне разговорот.

najchestite-trikovi-shto-gi-koristat-manipulatorite-za-koi-treba-da-bidete-svesni-07.jpg

Ве навредуваат преку шеги

Сите треба да можеме да се пошегуваме на своја сметка, но бидете внимателни ако некој ве навредува и го прикрива тоа со шеги.

Постојат граници кога станува збор за шегување за нечии грешки и недостатоци, а манипулаторите без проблем ги преминуваат.

Обично тие имаат ниска самодоверба и го прават ова само за да се почувствуваат добро за себе.

najchestite-trikovi-shto-gi-koristat-manipulatorite-za-koi-treba-da-bidete-svesni-08.jpg

Ве игнорираат

Кога некој одеднаш ќе почне да ве игнорира, нормално дека ќе се прашувате во што е проблемот. Кога манипулаторите го прават ова, тие всушност ја преземаат контролата над ситуацијата и вие станувате личноста која ги моли и бара објаснување.

Ако некому направите грешка што ќе го разгневи, нормална реакција е извесен период да ви се лути и да не ви зборува. Во овој случај само извинете се и дајте ѝ време на личноста.

Но, кога некој манипулатор ве игнорира без навидум никаква причина, еднаш прашајте што е проблемот и ако не добиете одговор, немојте да молите за објаснување.

najchestite-trikovi-shto-gi-koristat-manipulatorite-za-koi-treba-da-bidete-svesni-09.jpg

Ги користат вашите емоции и слабости

Ако манипулаторот ви е блиска личност, тогаш ги знае вашите слабости и речиси сигурно ќе ги искористи против вас.

Можеби ќе ве натера да се чувствувате виновно за нешто, ќе ве натера да направите нешто и, секако, ќе се обиде да ве манипулира.

Важно е да ги препознавате ваквите ситуации и да поставите граници во односот со оваа личност. Ако, на пример, ве обвинува за нешто неосновано, само извинете се и не дозволувајте да бидете манипулирани за тоа.

najchestite-trikovi-shto-gi-koristat-manipulatorite-za-koi-treba-da-bidete-svesni-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg