Најчестите трикови со кои луѓето околу вас ве манипулираат, додека слепо им верувате
Ако некој ве игнорира без навидум никаква причина, а притоа не ви кажува што сте погрешиле, голема е веројатноста да ве манипулира и да си игра со вашите емоции со цел да добие нешто.
На сите им се случува да пробаат да манипулираат некого, но ова обично е за ситници, се случува многу ретко и не остава сериозни последици.
Но, постојат и луѓе кои се експерти за манипулација и знаат како да ги искористат сите ваши слабости и емоции, сè со цел да добијат нешто од вас. Некои луѓе го прават ова дури и несвесно, но тоа не значи дека вие не треба да се заштитите.
Кои се најчестите трикови на манипулаторите коишто треба да ги знаете?
Суптилно ве посрамотуваат
Манипулаторите знаат како суптилно да ве навредат и да направат да се чувствувате засрамено. А, во ваква ситуација нормално е да бидете поранливи и поподложни на нивните манипулации.
Неретко, откако ќе ве стават во ваква положба, манипулаторите можат да ви понудат и поддршка, па да најдат начин да изнудат некоја услуга од вас.
Во овој случај не треба да дозволите лошите зборови на манипулаторот да допрат до вас. Ако, на пример, тој упорно се обидува да истакне ваша грешка од минатото, само речете му дека повеќе не ви е грижа за тоа.
Ја „искривуваат“ вистината за да ве натераат да се посомневате во вашата перцепција
Овие луѓе знаат како да ве убедат дека она што го тврдите не е точно, поради што ќе почнете да се сомневате во сопствената перцепција. На овој начин тие ќе ви ја срушат самодовербата за на крај да го добијат она што го сакаат.
Тие можат да ве направат виновни за нешто што воопшто не сте го ни направиле, па дури и да ве натераат да им се извините.
Во ваквите ситуации важно е да ѝ верувате на вашата способност за расудување, а ако се двоумите, можете и да разговарате за ситуацијата со некој друг што ќе ви даде нова перспектива.
Ве притискаат и не ви даваат време да размислите пред да одлучите нешто
Кога сме под притисок, неретко се случува да не расудуваме добро, па да избрзаме и да донесеме погрешна одлука. Манипулаторите го знаат ова многу добро, па го користат за да го добијат она што го сакаат.
Ако забележите дека некој ве притиска и не ви дозволува да размислите за некоја важна одлука, најдобро прекинете го разговорот и дајте си време добро да размислите.
Веднаш откриваат многу детали за себе
Со цел да ве натераат да откриете некоја ваша слабост, манипулаторите можат да почнат да откриваат многу работи за себе дури и при првата средба со вас.
Со ова споделување, тие ќе направат да се чувствувате посебно и ќе ве мотивираат и вие да споделите некој детаљ за себе што подоцна можат да го искористат против вас.
За да го избегнете ова, не споделувајте многу детали за себе, без разлика колку е отворен вашиот соговорник.
Нормално, не значи дека секоја отворена личност е манипулатор, но најдобро бидете претпазливи кога станува збор за странец или нов познаник.