„Ги заменив пластичните ќеси со торби и намалив користење пластика во секојдневието – што заклучив?“

Откако делумно го намалила количеството пластика што го користи секојдневно, една девојка сфатила дека треба сериозно да го сфатиме проблемот со загадувањето со пластика и се надева дека нејзиното искуство ќе ги натера и другите да пробаат некој сличен експеримент.

odluchiv-da-namalam-so-koristenjeto-plastika-vo-sekojdnevniot-zhivot-shto-zakluchiv-01.jpg

Девојка по име Јулија решила да проба да го намали количеството пластика што го користи, а целото искуство го споделила онлајн.

„Почнав да размислувам колку пластика фрла моето 3-члено семејство секојдневно. Кога видов колку отпад правиме, решив да направам експеримент“.

Јулија почнала да исфрла од употреба многу пластични продукти и сфатила дека навистина сме опкружени со многу пластика и мора да направиме некоја промена.

Искуството на Јулија во продолжение:

„Мојата корпа со отпадоци денот пред да го почнам експериментот. Сфатив дека овде има многу продукти сo пластика кои лесно можам да ги заменам. Не ја направив замената веднаш, туку постепено“.

02.jpg

„Прво ги заменив пластичните ќеси со торба за пазарење. Претходно, месечно купував околу 12 до 15 ќеси, односно 140-180 ќеси годишно. Сега имам четири торби кои ќе можам да ги користам најмалку две години.

Единствениот проблем беше што некогаш ги губев торбите или ги заборавав, па морав да купам уште една. Но, сега имам повеќе торби и секојпат имам една при рака.

На крај сфатив дека е подобро да пазарам со торба и ќе продолжам да ја користам“.

03.jpg

„Потоа престанав да користам ќеси за ѓубре. Обично користевме околу 120 ќеси за ѓубре годишно, сега не користиме воопшто.

Кога користев ќеса, можев целата да ја фрлам, па на почетокот ми беше тешко да се навикнам без ќеса, бидејќи сега треба да ја вратам корпата дома и да ја измијам. По неколку недели сфатив дека може да се живее и вака, а друга придобивка е што не давам пари за ќеси“.

04.jpg

„Следно пробав да најдам замена за фолијата. На почетокот ми беше тешко бидејќи морав да ги складирам остатоците храна во посебни садови, а потоа и да ги мијам.

Но, во ИКЕА најдов силиконски капачиња кои можат да се користат за разни садови“.

05.jpg

„Потоа пробав да најдам замена за чепкалките за уши. Претходно користев по 300 чепкалки годишно. И сега го користам истиот број, но се направени од природни материјали.

Открив дека има чепкалки направени од хартија кои целосно се разградуваат, но за жал тие не се продаваат секаде и ми беше тешко да ги најдам.

Но сепак, ова беше најлесниот дел од мојот експеримент“.

06.jpg

„Сега сфаќам дека ова не е готово. Кога ќе почнете да размислувате за околината, не можете да престанете. Јасно е дека со овој експеримент го намалив количеството пластичен отпад, но тоа не е доволно. Проблемот е што голем дел од продуктите во продавниците морате да ги купите со пластична амбалажа.

На почетокот овој експеримент не ми изгледаше како нешто важно, но додека го правев сфатив дека сум го поминала животот со затворени очи. Сега дури ми стана јасно со колку многу пластика сме опкружени.

Се надевам дека другите ќе го следат мојот пример, а со тоа ќе се зголеми побарувачката за продукти кои не содржат пластика. На компаниите ќе им биде поисплатливо да ги слушаат купувачите, па количеството пластичен отпад ќе почне да се намалува.

Дури и најмалиот чекор може да ни помогне да го исчистиме светот и да го направиме побезбеден за нас“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
По шест прсти на рацете, цветови во рожницата - 12 луѓе со уникатни природни карактеристики (фото) „Имам таканаречен Харлекин синдром, па кога трчам само половина од лицето ми се ...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg