8 затвори со најсилно обезбедување од кои бегството е практично невозможно
Fuchu, Јапонија
Малку е познато за овој затвор сместен во Токио, Јапонија, но наводно одовде не успеал да избега никој.
Затворот е отворен во 1935 година и во периодот околу Втората светска војна овде затворале комунистички лидери. Пред Војната, овде имало и многу политички затвореници.
Затворот бил реновиран во периодот 1986-1995 и наводно може да се пофали со многу добро модерно обезбедување.
Fuchu се смета за најголемиот затвор во Јапонија и во него има околу 2.000 затвореници. Околу него има ѕид висок 5,5 метри, а ќелиите се поделени на четири блокови – за обични затвореници, странски затвореници, ментално болни затвореници и затвореници со физички инвалидитет или повреди.
Federal Correctional Complex, САД
Овој машки затвор се наоѓа во Индијана САД и работи од 1940 година. Затворот има максимално обезбедување и минимален број вработени (многу работи се автоматизирани) и се смета за еден од најбезбедните во државата.
Затворениците со смртна казна се одделени од другите, а оние кои претставуваат ризик се сместени во блок со поголемо обезбедување и построги правила.
Затворениците обично минуваат по 23 часа во ќелијата и излегуваат само за ручек кој трае 30 минути. Можат да поминат и 30 минути во дворот.
Camp Delta (Guantanamo Bay), САД
Иако му припаѓа на САД, овој затвор е сместен во Куба, во воена база во покраината Гвантанамо.
Затворот работи од 2002 година и неретко се нарекува и поправен камп. Обезбедувањето е на завидно ниво, а бидејќи затворениците не се наоѓаат на американска почва, на некој начин ги немаат правата што би ги имале во САД. Поради ова, постојат многу гласини дека затворениците се мачени и тепани.
Озлогласениот затвор е поделен на седум кампови и секој има разни удобности. Затворениците се распоредуваат според нивната желба за соработка со чуварите, а новите затвореници секојпат се сместени во кампот со најголемо обезбедување.
Во зависност од тоа во кој камп се, затворениците имаат разни „права“ – кога се добри, ги преместуваат во Камп 4 каде што има тушеви, како и кревет и шкафче за секој затвореник.
Неретко им дозволуваат и да јадат заедно, наместо сами во својата ќелија.
Како што напоменавме, постојат многу шпекулации за тоа што се случува во другите кампови кои не го нудат овој „луксуз“.
На пример, Камп 5 е за непослушни затвореници, па тамошните ќелии се екстремно мали, тоалетите се ужасни, светилките многу силни… Според некои луѓе, тамошните ќелии ги прекршуваат најосновните права на луѓето.
Tadmor, Сирија
Затворот се наоѓа во пустините на источна Сирија, околу 200 километри од Дамаск.
Затворот е најдобро познат по ужасните услови, егзекуциите, како и тортурата што се вршела на затворениците. Наводно, не само што било тешко да се избега одовде, туку уште потешко било да се преживее.
Затворот беше уништен во 2015 година од страна на ИСИС.
Спирова С. | Црнобело