Идеално време за вежбање е 17 часот, за купување нови чевли 18 часот - Трикови кои го олеснуваат животот
Појадувајте во 7:45, вежбајте околу 17 часот, а навечер легнете си околу 22 часот.
Истражување на UK Biobank кое опфатило 88.000 испитаници покажало дека оптималното време за легнување е 10 часот навечер. Наводно, токму тогаш нашиот организам е најдобро подготвен за спиење, па ако си легнеме во 10 часот навечер, ќе се чувствуваме многу поодморено.
Истовремено, легнувањето во 10 часот навечер е поврзано и со намален ризик од некои болести.
Наравени се многу истражувања за тоа кој период од денот е најдобар за спиење, јадење, секс, одмор... И, изгледа постои совршен период од денот за секоја активност.
Ваквите истражувања само го потврдуваат она што долго го слушаме, а тоа е важноста на рутината во секојдневниот живот.
Еве што е најдобро да правите во одредено време од денот:
Мерење на тежината: 6 часот
Најдобро време за проверка на тежината е наутро, веднаш откако ќе се разбудите и ќе го испразните мочниот меур. Тогаш ќе ја знаете точната бројка на вашата тежина, бидејќи сè уште не сте јаделе ниту сте се напиле нешто.
Земање витамини: 7 часот
Витамините кои се растворливи во вода, како што се витамините Б, Ц и фолната киселина, најдобро се апсорбираат во телото на празен стомак. Земете ги 30 минути пред да појадувате.
Тест за бременост: 7:30 часот
Хормонот за бременост (HCG) се произведува од клетките околу ембрионот и потоа го наоѓа својот пат до урината.
Тестовите за бременост го регистрираат нивото на HCG во урината чија концентрација е највисока рано наутро околу 7:30 часот.
Појадок: 7:45 часот
Препорачливо е да појадувате во период од два часа откако ќе се разбудите, идеално во 7:45. Ова ќе ви помогне во зајакнувањето на метаболизмот и ќе ви ја намали желбата за храна во текот на денот.
Одење на преглед или хируршка интервенција во болница: 8 часот
Утринските часови се најидеалното време за одење на операција или преглед. Имено, меѓу осум часот и пладне постојат најмалку шанси нешто да тргне наопаку и пациентите чувствуваат помалку стрес.
Решавање проблеми: 8:30 часот
Нивото на хормонот за стрес - кортизол - е највисоко во овој дел од денот. Тогаш имате повеќе енергија, а концентрацијата е на високо ниво, па ова е совршено време за справување со проблеми, задачи, проекти…
Купување храна: 10:30 часот
Три часа по будењето е оптимално време за набавка на намирници.
Тогаш функцијата на мозокот е на својот врв, а стомакот сè уште е полн од појадокот, па нема да бидете склони кон купување толку многу нездрава храна, туку ќе посегнете по поздрави намирници и продукти.
Барање за покачување на платата: 11 часот
Нивото на кортизол во телото сè уште е на високо ниво, така што ќе имате повеќе енергија да му објасните на шефот зошто барате покачување, а шансите да го добиете тогаш се повисоки, бидејќи шефот ќе ве слуша повнимателно.
Прошетка: 12 часот напладне
Сонцето тогаш е на највисоката точка, а УВБ зраците се најинтензивни, па брзата 20-минутна прошетка ќе ви обезбеди дневна доза витамин Д.
Покрај тоа, крвта во вашето тело ќе циркулира, а мозокот ќе се освежи и опушти.
Ручек: 13 часот
Дигестивните процеси во вашето тело работат со полна пареа и веќе успеале да го дигестираат она што сте го изеле за појадок.
Но, тоа значи дека вашиот стомак е празен и доколку не јадете здрав ручек, може да дојдете во искушение и да грицкате нешто нездраво.