Грозоморнo или ремек-дела? Бразилка изработува реалистични бебиња од силикон

Клиентите што ги нарачуваат овие бебиња најчесто имаат специфични барања со цел да го овековечат бебешкиот период на нивните деца, други пак, бараат бебиња за своите блиски што боледуваат од Алцхајмер. Луѓето се поделени: едни ги обожаваат, а други се згрозени.

grozomorni-ili-remek-dela-ana-izrabotuva-realistichni-bebinja-od-silikon-01.jpg

Бразилската уметничка Ана Паула Гуимараеш изработува кукли што наликуваат на вистински бебиња. Ана посветува огромно внимание во изработката на бебињата, па нејзините „Повторно родени бебиња“ (Reborn babies) имаат нокти, трепки на очите, им се познаваат вени, нерамнини на кожата, поради што изгледаат мошне реалистично.

Ана троши околу една недела за да ги изработи куклите, а тие се продаваат по цена од 1.300 долари. Таа се занимава со изработката на кукли веќе 13 години, а голем дел од нив биле искористени за потребите на снимање на филмови и серии.

Куклите се изработени од винил или од силикон, а освен колекционерите и филмските продукции, нив ги купуваат и луѓето што имаат потреба од поддршка за време на терапија, како луѓе со Алцхајмер и други болести поврзани со меморијата.

Понекогаш нејзините клиенти бараат бебињата да имаат одредени карактеристики за да се зачуваат првите мигови од нивното вистинско бебе или пак како спомен, доколку, за жал, го загубиле бебето.

Ана бебињата ги доставува со извод од родени, во кое е внесено избраното име на бебето.

Сепак, мислењето кај луѓето за овие ремек дела е поделено, едни се воодушевени и веднаш би го платиле бараниот износ за да добијат едно од овие бебиња, а други ги отфрлаат и се згрозени од нив, затоа што се премногу реалистични.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg