Поранешни крадци ги откриваат нивните тајни: Како да го спречите ограбувањето на домот?

Секогаш проверувајте дали прозорците ви се добро затворени и најдобро избегнувајте да споделувате фотографии од скапите работи што сте ги купиле.

poraneshni-kradci-gi-otkrivaat-nivnite-tajni-kako-da-go-sprechite-ograbuvanjeto-na-domot--01.jpg

Никогаш не знаете дали и кога во вашиот дом ќе влезат крадци и, за жал, речиси и да нема што да направите во врска со тоа.

Но, постојат начини да ја намалите штетата што би ја направиле, но и да го направите вашиот дом помалку привлечен за нив.

Неколку поранешни крадци ги споделиле нивните тајни на Редит, со цел да им помогнат на корисниците подобро да ги заштитат нивните домови.

Повеќето од нив споделуваат кои места најчесто ги проверувале, односно кои скришни места низ домот не се воопшто безбедни бидејќи им се познати на сите крадци.

Во продолжение дел од најдобрите одговори:

„Кога бев тинејџер, бев проблематичен и ограбував. Можам да ви кажам само едно нешто: добро затворајте ги прозорците. Во 99% од случаите успевав да влезам некаде преку отворен прозорец“.

„Заклучувајте ја гаражата. Дури и ако целата куќа ви е добро заклучена, ако гаражата не е, некој ќе може да ви украде нешто вредно од таму“.

„Ако сефот можат да го кренат двајца, тогаш не е воопшто безбеден“.

poraneshni-kradci-gi-otkrivaat-nivnite-tajni-kako-da-go-sprechite-ograbuvanjeto-na-domot-02.jpg

„Не сум крадец, но еве трик што го научив од братучедот. Бидејќи живее во проблематично соседство, си купи кутија за накит и ја наполни со евтина бижутерија што изгледа како злато или сребро.

Ја чува кутијата на потскриено место и врз неа обично остава пари. На овој начин, ако некој крадец влезе дома, веднаш ќе ја земе кутијата мислејќи дека е полна со вреден накит и ако е во брзање нема да пребарува нешто друго“.

„Неверојатно е колку често луѓето си ги оставаат автомобилите отклучени со вредни нешта внатре. Многу луѓе го оставаат и клучот од автомобилот внатре. Имајте на ум дека вака најчесто се ограбуваат автомобили, па заклучувајте ги“.

„Ако сте купиле телевизор, компјутер или нешто скапо, искинете ја кутијата, па така фрлете ја. Во спротивно некој можеби ќе види дека фрлате кутија од скап предмет и ќе станете мета“.

poraneshni-kradci-gi-otkrivaat-nivnite-tajni-kako-da-go-sprechite-ograbuvanjeto-na-domot-03.jpg

„Не ги оставајте сите клучеви во сад до влезната врата! Да знаете само колку автомобили се украдени бидејќи крадците влегле во домот, ги здогледале клучевите и си го зеле автомобилот“.

„Никогаш немојте да чувате резервен клуч во близина на влезната врата“.

„Не заборавајте дека и крадците гледаат филмови, па ги знаат сите трикови за криење што сте ги виделе и вие. Но, имајте на ум дека кога јас ограбував, ако ми требаше повеќе од минута-две да најдам нешто се откажував. Сакав да излезам од домот што е можно побрзо“.

„Немојте да криете ништо во гардероберите – сите крадци знаат дека тоа е како рудник за накит“.

poraneshni-kradci-gi-otkrivaat-nivnite-tajni-kako-da-go-sprechite-ograbuvanjeto-na-domot-4.jpg

„Ни го ограбија станот и наводно сè се случило многу брзо. Кога дојде полиција, ни рекоа никогаш да не оставаме вредни работи на ноќната масичка, ниту во нејзините фиоки“.

„Не објавувајте фотографии од скапи работи што сте ги купиле. Можеби сакате да се пофалите, но вака само им помагате на крадците“.

„Не кријте ништо во шкафчињата во бањата. Јас секогаш проверував таму“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg