По свадба среќата трае 2 години, по нова работа 1 година – како да направите да трае подолго?

Одговорите на овие прашања го откриваат она што ни самите не сакате да си го признаете. Животот е истовремено сложен и едноставен. Среќата не мора да ја чекаме да „падне од небо“, туку самите ја создаваме.

Princip-na-ruski-psiholog-koj-go-menuva-zivotot-od-koren-01.png

Ако некогаш се чувствувате како да сте на погрешен пат или не знаете како да продолжите понатаму, само одговорете ги овие 6 прашања. Одговорите го кријат сето она што ви е потребно за среќа.

Истражувањата покажуваат дека кога ни се случува нешто убаво во животот, тоа чувство на среќа сосема кратко е на својот врв, а потоа опаѓа. На пример, после свадба, чувството на среќа трае околу две години, а новото работно место ги „чува“ позитивните емоции околу една година.

Секој настан има „точка на среќа“, но знаевте ли дека постои техника со која тоа чувство на среќа може да трае подолго во нашите животи?

Рускиот психолог Иванов смислил техника која ќе ви помогне во тоа. Сè што треба да направите е да одговорите на неколку прашања, но бидете внимателни. Тие одговори мора да бидат искрени:

1. Што ме загрижува и како да го надминам тоа?

Нема нерешливи проблеми. Она што е важно е како се поставуваме кон нив. Нема никаква смисла да се грижиме за минатото, бидејќи не можеме да влијаеме на него, ниту да се грижиме за иднината, бидејќи не знаеме што ни претстои. Обидете се да живеете најдобро што можете во сегашниот миг.

2. Што и зошто оставам за подоцна?

Дали и вие се водите по изреката „што можеш денес, остави го за утре?“ Анализирајте дали непотребно ги одложувате работите и само си трупате обврски. Оваа навика несвесно создава нервоза и го нарушува квалитетот на животот.

Справете се со проблемите и обврските. Ова е единствениот начин да се постигне успех и среќа.

3. Кога последен пат направив нешто за прв пат?

Исполнувањето на малите и малку поголемите желби ни дава чувство на среќа. Осмелете се, пробајте нешто ново, патувајте, совладајте нова активност, најдете хоби. И ќе видите колку животот може да биде поинтересен и колку среќа носат овие мали чекори.

4. За што сум благодарен во животот?

Не е толку тешко да ги цените сите добри работи што ви се случуваат. Секое утро помислете на сите работи и луѓе во вашиот живот и заблагодарете ѝ се на судбината. И кога сè ви изгледа црно, најдете една светла точка и заблагодарете се од сè срце.

Не штедете ги емоциите. Кажете им на вашите најблиски дека ги сакате, дајте му комплимент на странец. Направете му го некому денот поубав, без причина, и ќе видите колку посреќни ќе бидете.

5. Која е мојата животна цел?

Многу е важно внимателно да размислите за вашата животна цел и насоката во која сакате да се движите. Доколку немате план, само ќе талкате. Искрено одговорете си, каде сте во моментот и каде сакате да бидете за година или две.

6. Кои се моите приоритети во животот?

Многу е важно самите да си ги поставите приоритети и да се водите по планот. Не можете да ги задоволите сите и да стигнете на сте места и тоа е сосема во ред. Размислете во што уживате и водете се според тоа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg