„Живеам во камперско комбе 10 години – кои се најлошите работи кои никој не ги кажува?“

„Сè е нечисто постојано, односно кога живеете во комбе надворешниот свет влегува кај вас, особено кога врне и имате куче, сè е прекриено со кал...“, раскажува Карла од САД.

zhiveam-vo-kampersko-kombe-10-godini-koi-se-najloshite-raboti-koi-nikoj-ne-gi-kazhuva-01.jpg

Карла Маргесон од САД вели дека во еден миг одлучила комплетно да го промени својот животен стил и почнала да живее во камперско комбе.

Вели дека во тие 10 години ги видела најубавите ѕвездени неба и ги испила највкусните утрински кафиња со незаборавни пејзажи пред себе.

Но, вели дека има и лоша страна животот на пат.

Таа ги открива работите за кои никој не зборува:

Живеењето во комбе е како кампување, односно извршувањето на секојдневните задачи како готвење и миење на чинии е многу потешко.

zhiveam-vo-kampersko-kombe-10-godini-koi-se-najloshite-raboti-koi-nikoj-ne-gi-kazhuva-02.jpg

Сè е нечисто постојано, односно кога живеете во комбе лесно надворешниот свет „влегува“ кај вас, особено кога врне и имате куче, сè е прекриено со кал.

zhiveam-vo-kampersko-kombe-10-godini-koi-se-najloshite-raboti-koi-nikoj-ne-gi-kazhuva-03.jpg

Временските услови ги доживувате многу поекстремно, кога грее многу сонце комбето може да се претвори во рерна, а кога е студено може да се разбудите наутро и да не ги чувствувате прстите, иако греењето ви работело постојано.

zhiveam-vo-kampersko-kombe-10-godini-koi-se-najloshite-raboti-koi-nikoj-ne-gi-kazhuva-04.jpg

Има негативно влијание врз психичката состојба, затоа што колку и да звучи авантуристички, вие всушност немате предвидливост која ви дава чувство на стабилност и постојано се соочувате со непредвидени ситуации и тоа ви причинува стрес.

zhiveam-vo-kampersko-kombe-10-godini-koi-se-najloshite-raboti-koi-nikoj-ne-gi-kazhuva-05.jpg

Чувството на страв е секогаш присутно, затоа што постојано мора да пресметувате дали имате доволно вода за да ги измиете чиниите на пример, изворите на ресурси ви се ограничени и мора добро планирање, плус мора постојано да внимавате на безбедноста, сепак сте на отворено.

zhiveam-vo-kampersko-kombe-10-godini-koi-se-najloshite-raboti-koi-nikoj-ne-gi-kazhuva-06.jpg

Дефектите на комбето ќе бидат почести од што очекувате и некогаш нема да имате пристап до механичар за да ви помогне.

zhiveam-vo-kampersko-kombe-10-godini-koi-se-najloshite-raboti-koi-nikoj-ne-gi-kazhuva-07.jpg

Ќе ви недостигаат познати лица, затоа што тука немате соседи чии лица ви се познати или рутина за пиење утринско кафе со некоја пријателка од доверба, туку постојано запознавате нови луѓе и градите кратки врски со нив.

zhiveam-vo-kampersko-kombe-10-godini-koi-se-najloshite-raboti-koi-nikoj-ne-gi-kazhuva-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Најлошите работи околу стареењето (кои најверојатно никој не ви ги кажува) „Чувството како времето минува и има шанси да не успеете да отпатувате на местат...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg