8 секојдневни предмети со скриени намени што сигурно не ги знаевте
Штом ќе избледи дречливата боја на четката за заби, тоа е знак дека треба да купите нова, а дрвените закачалки не само што се поиздржливи, туку и ја заштитуваат облеката од молци и слични штетници.
И покрај тоа што ги користиме секој ден, постојат многу предмети кои имаат намени за кои не сме воопшто свесни. Овие мали детали ги прават предметите многу поефикасни, но обично се игнорирани.
Во продолжение неколку вакви предмети за чии скриени намени сигурно не сте знаеле:
Колички за пазарење
На количките за пазарење, на местото каде што може да седи мало дете, има закачалка на која можете да ја ставите вашата чанта.
Овде можете закачите и торба за пазарење во која ќе ги ставите кршливите намирници, како јајца, кои може да биде ризично да стојат во количката со бројни други предмети.
Лименки
Лименките си имаат посебно место за сламка – кога ќе ја ставите сламката во дупчето на делот за отворање, таа ќе стои во место.
Тетратки
Маргините на тетратките најпрво биле ставани со цел да се заштити напишаното од штетници како стаорци. Односно, маргините обележувале до каде е безбедно да пишувате.
Денес го немаме овој проблем, па маргините се користат за белешки.
Четка за заби
Четките за заби имаат впечатливи бои не само за декорација, туку и како показател за тоа кога треба да ги смените. Имено, кога бојата значително ќе избледи, тогаш е време да купите нова четка.
Кај некои четки, обоениот дел во средината покажува колку паста треба да ставите.
Тастатура
Латинските букви на тастатурата не се по случаен редослед. Овој распоред прво почнал да се користи за машини за пишување и бил направен со цел да се избегне заглавувањето на машината – бидејќи во англискиот некои букви често одат заедно (како t и h), со qwerty распоредот се доволно оддалечени за да се избегне заглавувањето. Покрај тоа, со овој распоред пишувањето на англиски е многу поедноставно.
Гума за бришење
Дали и вие верувавте во митот дека синиот дел од гумата за бришење е за пенкало? Синиот дел е всушност за покрута и подебела хартија, додека црвениот е за „обична“, потенка хартија што се користи за тетратки, тефтери и слично.
Дрвени закачалки
Покрај тоа што се поеколошки и поиздржливи од пластичните, некои дрвени закачалки се направени од дрво што служи како природна заштита од молци. Молците и сличните штетници не го поднесуваат мирисот на дрвото, па се држат подалеку од закачената облека.
Бакарни брави и кваки
Знаевте ли дека бакарот има антибактериски својства? Наводно, бакарот убива 99% од микроорганизмите што се наоѓаат на него, што значи бравите и кваките направени од него се секогаш дезинфицирани.
Сепак, потта и мастите од дланките со текот на времето можат да го оштетат металот и да ја намалат оваа способност.
Спирова С. | Црнобело