Килими и уште 9 работи во домот на кои не треба да штедите пари (и зошто)
Килимите од синтетика се евтини и не изгледаат лошо, но тие се тешки за чистење, буквално сè се лепи на нив и тешко е да се ослободите од нечистотиите и влакната. Плус, бргу го губат убавиот изглед. Затоа инвестирајте во килими од природни материјали.
Понекогаш за да заштедиме пари купуваме неквалитетни работи, кои не ни траат, па трошиме двојно повеќе.
Во некои работи во домот дефинтивно треба да инвестираме.
Работи на кои не треба да штедиме:
Обновување на клучевите од домот
По некое време тиe се „излижуваат“ и може да дојде до блокирање на вратата при отклучување или кршење на клучот внатре.
Удобни влечки за дома
Одењето низ дома со влечки е подобро отколку боси, па затоа треба да инвестирате во квалитетни влечки со мемори пена и да ги менувате секоја година, со тоа практично „купувате“ здравје.
Килими
Килимите од синтетика се евтини и не изгледаат лошо, но тие се тешки за чистење, буквално сè се лепи на нив и тешко е да се ослободите од нечистотиите и влакната.
Плус, бргу го губат убавиот изглед. Затоа инвестирајте во килими од природни материјали, кои траат долго, лесни се за чистење и добро го апсорбираат звукот.
Квалитетни слушалки
Евтините пластични слушалки ќе имаат краток рок на траење. Од друга страна, квалитетните слушалки не само што ќе дадат одличен звук, туку ќе ви траат и до 10 години, зависи од брендот.
„Глава“ за туш
Туширањето од поголема „глава“ за туш комплетно ќе ве релаксира поради големиот и силен млаз вода.