Страв од брада и уште 7 необични фобии кои навистина постојат

Луѓето со номофобија постојано се загрижени дека ќе останат без нивниот телефон и опсесивно го проверуваат многупати во текот на денот - самата помисла дека ќе им се испразни батеријата им создава анксиозност.

strav-od-brada-i-ushte-7-neobichni-fobii-koi-navistina-postojat--01.jpg

Фобијата е вид нарушување кое предизвикува нерационален страв од одредени предмети, лица или појави.

Додека сите чувствуваме страв во одредени моменти, стравот што го искусуваат луѓето со некоја фобија е многу поинтензивен и некогаш предизвикува анксиозност и панични напади.

Постојат многу причини за појава на фобија и обично таа е резултат на некое трауматично искуство. Но, за многу од почудните фобии експертите немаат точно објаснување и потребни се повеќе истражувања за да се откријат нивните корени.

Во продолжение неколку необични фобии кои навистина постојат:

Плутофобија

Плутофобијата е страв од богатство или богати луѓе. Изразот потекнува од името на римскиот бог кој владе со подземјето - Плутон - кој се сметал за најбогат и некогаш бил нарекуван и бог на богатството. 

Експертите сметаат дека оваа фобија потекнува од ниската самодоверба и мислењето дека личноста не заслужува пари или успех. Некогаш стравот се јавува и од помислата дека личноста никогаш нема да има доволно пари.

Обично луѓето со плутофобија се чувствуваат непријатно во близина на богати личности и се убедени дека се инфериорни во однос на нив бидејќи не заработуваат исти суми.

strav-brada-i-ushte-7-neobichni-fobii-koi-navistina-postojat-02.jpg

Глобофобија

Стравот од балони, односно гласната врева што ја прават кога пукаат, се нарекува глобофобија.

Имено, ова е честа фобија и повеќето луѓе без проблем се справуваат со неа, но кај некои звукот од пукање балон може да предизвика и паничен напад.

Обично оваа фобија се јавува кај децата кои подоцна ја надминуваат, но може да се појави и кај возрасни.

strav-brada-i-ushte-7-neobichni-fobii-koi-navistina-postojat-03.jpg

Линонофобија

Колку и да звучи чудно, некои луѓе се плашат од конци, јажиња, врвки и сè што е слично на нив. Обично фобијата е резултат на трауматичен настан, како врзување на рацете или нозете, а нејзиниот интензитет варира од лице до лице.

Некои луѓе само се плашат да допрат конец или нешто слично, додека други чувствуваат интензивен страв само и ако го погледнат.

Некои случаи на линонофобија биле поврзани и со генетика, па на експертите уште не им е целосно јасно од каде точно потекнува овој нерационален страв.

strav-brada-i-ushte-7-neobichni-fobii-koi-navistina-postojat-04.jpg

Погонофобија

Стравот од бради и луѓе со брада е познат како погонофобија. Луѓето кои страдаат од оваа фобија се плашат, па дури чувствуваат и анксиозност од брада.

Се верува дека најчестата причина за фобијата е трауматично искуство поврзано со личност со брада. Во поретки случаи, фобијата може да се јави и кај мажи на кои речиси воопшто не им расте брада.

strav-brada-i-ushte-7-neobichni-fobii-koi-navistina-postojat-05.jpg

Уште четири фобии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg