Барање дозвола за брак и уште 6 традиции на британското кралско семејство кои полека исчезнуваат
Барање дозвола за брак од кралицата
Имено, во Англија постои закон кој се однесува на членовите на кралското семејство и според кој никој не смее да стапи во брак додека не добие писмена дозвола од монархот.
Законот постои повеќе од 200 години и иако уште е на сила, сега не важи за сите членови на кралското семејство, туку само за оние кои можат да го наследат тронот, како Вилијам.
Носење на кралската круна
Раскошната кралска круна е важен симбол и порано кралицата ја носеше на најважните настани, како отворањето на британскиот парламент.
Но, сега обично ја заменува со поедноставна круна, па некогаш и само шапка.
Образование
Кралицата Елизабета, сестра ѝ Маргарет и сите претходни престолонаследници го завршиле образованието дома, со приватни тутори.
Оваа традиција се промени откако Елизабета и Филип одлучија да го испратат син им Чарлс на училиште. По ова, сите деца од кралското семејство почнаа да одат на училиште.
Породување во домашни услови
До 1977 година, сите престолонаследници биле родени во кралската палата, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета.
Принцезата Ана, ќерката на Елизабета, е првата која ја прекрши традицијата и се породи во болница. По неа, истото го направија и Дијана, Кејт и Меган.
Спирова С. | Црнобело