Барање дозвола за брак и уште 6 традиции на британското кралско семејство кои полека исчезнуваат
Наместо на телевизија во живо, денес говорите на кралицата Елизабета или се емитуваат на Јутуб, или се снимаат па се објавуваат подоцна.
Британското кралско семејство е институција со богата историја, а со тоа и многу традиции. До денес членовите на кралското семејство следат правила стари и по неколку векови, но сè почесто сведочиме како ги прекршуваат или барем малку ги менуваат.
Некои од овие традиции се бесмислени во модерно време, за некои кралицата смета дека се непотребни, а некогаш и другите членови на семејството суптилно ги менуваат бидејќи веројатно не им се допаѓаат.
Кои традиции на кралското семејство постепено исчезнуваат?
Кралски семеен одмор
Замокот Балморал е местото каде што кралското семејство со години ги минуваше одморите. Традицијата почнала со принцот Алберт во 1852 година, кога тој го купил замокот за неговата сопруга – кралицата Викторија.
Иако денес ова е омиленото место за одмор на кралицата, денес другите членови на семејството, како Вилијам и Кејт, па дури Меган и Хари, не се обврзани да го минуваат одморот таму.
Пренос во живо на говорите на кралицата
Порано важните говори на кралицата Елизабета, како оној по смртта на Дијана, беа пренесувани во живо на телевизија. Денес британското кралско семејство има официјален Јутуб канал каде што се емитуваат и објавуваат говорите на кралицата.
Истовремено, таа се вклучува во живо и на други платформи ако треба да одржи говор специјално за некој настан на кој не може да присуствува.
Забранети бракови
Порано членовите на кралското семејство мораа да следат строги правила дури и кога сакаа да се венчаат. Бракот со разведена личност, бракот со личност со неблагородничко потекло, па и бракот со личност од друга држава биле незамисливи.
Токму поради овие забрани, поранешниот крал Едвард се откажа од неговата титула бидејќи неговата сакана, Волис Симпсон, била разведена.
Денес никој не ги почитува овие правила, а најдобар пример за тоа е бракот на Меган и Хари - Меган е разведена, не е од благородничко семејство и потекнува од САД.