Исповеди на луѓе: „Како реагираат лажговците кога ќе ги фатите во лага?“

„Се правдаат со работи од типот ‘Не знаеш каква траума ми е смртта на татко ми, затоа го сторив тоа’, а татко им починал пред 10 години.“

ispovedi-na-lugje-kako-reagiraat-lazhgovcite-koga-kje-gi-fatite-vo-laga-01.jpg

На Reddit еден корисник отворил тема - „Што ви кажуваат луѓето кога ќе ги фатите во лага?“

Многу луѓе веднаш му одговориле поттикнати од темата.

Дел од одговорите на прашањето:

„Обвинуваат некој друг.“

„Ви се лутат вас што сте душкале каде што не ви е место.“

„Стануваат супер одбранбени. Почнуваат да ги набројуваат сите ваши мани за да се префрли фоксуот на вас и лошите работи кои можеби сте ги направиле во минатото, дури иако тоа е ирелевантно за актуелната ситуација.“

„Се правдаат со работи од типот ‘Не знаеш каква траума ми е смртта на татко ми, затоа го сторив тоа’, а татко им починал пред 10 години.“

„Ви велат дека не е така како што изгледа.“

„Ве убедуваат дека работите ги вадите од контекст.“

ispovedi-na-lugje-kako-reagiraat-lazhgovcite-koga-kje-gi-fatite-vo-laga-02.jpg

„Ви кажуваат дека претерувате со реакцијата.“

„Ве манипулираат со работи од типот ‘Навистина, зарем за тоа ќе се караш со мене пред сестра ти?’“

„Одбиваат да признаат, вас ве прават луди и апсолутно никогаш не ја прифаќаат вината.“

„Почнуваат да претеруваат со оправдувањата, наместо да ја кажат вистината.“

„Ви велат дека ќе бидат искрени со вас и повторно не се.“

„Ве обвинуваат вас дека вие сте виновни што не сте им верувале и сте проверувале дали ја зборуваат вистината.“

Се согласувате ли? Какво искуство имате вие?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповеди: „Што ќе направам со парите ако добијам на лото и станам многу богат/а?“ „Анонимно ќе одам на некоја платформа за хуманитарни цели и ќе донирам големи су...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg