5 трикови во менијата со кои рестораните ве тераат да потрошите повеќе пари

Секој бизнис си има свои тајни и трикови, па бизнисот на ресторани и кафулиња не е ништо поразличен.

5-trikovi-koi-ne-ste-znaele-deka-se-koristat-za-menijata-na-restoranite-01.jpg

Во повеќето локали секоја ситница е внимателно одбрана и испланирана, со цел да ве натераат да оставите повеќе пари.

Ова се 5 такви трикови кои се користат за менијата во рестораните:

1. Тежината на менито влијае на нашата перцепција

Потешките менија оставаат подобар впечаток, бидејќи ги тераат гостите да мислат дека се дојдени во локал со подобар квалитет на храна и услуга.

Лесните менија, иако се економични, се сметаат за евтина и помалку паметна опција.

1fabac51fbaa5d6ae65edbeb00.jpg

2. Името на одредени специјалитети може да ве направи погладни

Правилото е едноставно – колку поописно е напишано името на храната, толку поголеми се шансите дека ќе ја нарачате.

Се смета дека околу 20% од специјалитетите се продаваат подобро само ако името им е погодено.

Бонус се и придавките кои будат носталгија, како на пример зборчето „домашно.“

c2f3a058f096769baaa17b9269.jpg

3. Продажбата зависи и од фонтот

Зависно од фонтот кој се користи, може да се постигнат различни ефекти.

Гостите кои читаат мени со „италик“ ефект на буквите (закосување), добиваат впечаток дека се во софистициран и првокласен локал.

4424595486a5c02dd5ae50303c.jpg

4. Важни се и боите

Сините и црвени нијанси се оние кои се тригер за чувството на глад.

d76fbc554482ccc10c93ccc0af.jpg

5. Клучно е графичкото решение на менито

Важно е да ги „нахраните“ и очите, но без претерување. Луѓето се склони да потрошат 30% повеќе во локалите чие мени има само една слика на една страна.

Трупањето со слики го прави менито евтино и непривлечно.

ca63fe5476990f011f46b7f263.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg