„Не се омажив до 40-тата година - што сфатив за животот?“
„Во 20-тите години од животот не ја исклучував можноста дека нема да имам сопруг и деца. Се состанував со мажи, но не му придавав големо значење на тоа, за разлика од моите пријателки, на кои целта им беше да се омажат и успеаја во тоа...“, ја почнува својата исповед една 42-годишна жена.
Постојат луѓе на кои им е убаво сами, кои не се несреќни затоа што не се омажиле до одредена возраст.
Една таква 42-годишна жена го пренесува своето гледиште на работите за магазинот Cosmopolitan.
Имам 42 години и не сум мажена, работи кои ги сфатив за животот:
Животот ми е забавен
Во 20-тите години од животот не ја исклучував можноста дека нема да имам сопруг и деца. Се состанував со мажи, но не му придавав големо значење на тоа, за разлика од моите пријателки, на кои целта им беше да се омажат и успеаја во тоа.
Јас искрено се барав себеси и немав голем интерес за луѓето околу мене.
Сега знам која сум, но не пронаоѓам личност која е соодветна за да бидам во брак со неа.
Мора да сум паметна
Ако живееш сама, тогаш мора да си способна да си го планираш животот и да знаеш да комуницираш со околината. Понекогаш ме плаши помислата што ќе се случи ако некогаш добијам отказ од работа, но сигурна сум дека многу полошо од тоа е да зависиш од некого финансиски или на каков било начин.
Ако си сингл зависиш само од самата себе и не можеш да бидеш напуштена.
На моменти сум тажна
Не сакам да прикажам дека да се биде сама е вечен одмор. Понекогаш е навистина тешко и нема кому да се пожалите за нешто, освен на миленикот.
Раскошните свадби со невести и младоженци со половина од моите години секогаш ме потсетуваат дека мојот живот не појде во очекуваната насока.
Слободна сум
Минатата седмица бев на детски роденден кај син на моите пријатели. Видов многу пријатели, си поминав убаво, но во мигот кога децата почнаа да беснеат, врескаат и да владее хаос, јас си се вратив во мојот удобен стан, си направив кафе и си гледав филм.
Иднината е несигурна
Некогаш ме јаде несигурноста. Се прашувам дали некогаш ќе ја сретнам љубовта на мојот живот. Се прашувам дали пријателствата секогаш ќе ми бидат доволни за да бидам среќна во врска со својот живот?
Имам семејство – мајка, браќа, нивните семејства, имам пријатели, но сепак...
Сексуалниот живот ми е одличен
Сега е полесно од кога било да пронајдете личност за секс без емоции, само бурна страст и незаборавни средби. Се разбира, не одам во крајност, туку едноставно имам кому да се јавам кога сум расположена за секс.
Мојата ситуација не е единствена
Живеам во голем град во кој многу мажи и жени се сингл во 40-тите од животот. Причините се различни, но факт е дека не е мал бројот на луѓе во ситуација како мојата.
Се чувствувам одлично
Нема да лажам, пред 10 години бев загрижена дека мојот живот оди во оваа насока, но колку повеќе свеќи дувам на роденденската торта, толку помалку сум загрижена за тоа. Сега, сум комплетно задоволна од мојот живот.
С. С. | Црнобело