Рака од скелет наместо протеза – Моќни Halloween маски на луѓе со попреченост (фото)
Инвалидска количка претворена во пиратски брод или кочијата на Пепелашка, протеза за ампутирана рака направена од „коски“ – креативни и моќни Halloween маски со кои луѓето со попреченост покажуваат дека ништо во животот не треба да биде пречка за добра забава.
Маскирањето е најзабавниот дел од Ноќта на вештерките и иако ова не е празник што се прославува кај нас, некои луѓе го обележуваат денот со костими инспирирани од популарни филмови, серии и игри.
Покрај многуте маски што ги гледаме секоја година, можеби најмногу се истакнуваат оние на луѓето со физичка попреченост.
Овие луѓе навистина го вадат најдоброто од неповолната ситуација и генијално ги користат нивните попречености за да направат креативни и моќни маски.