Рака од скелет наместо протеза – Моќни Halloween маски на луѓе со попреченост (фото)
Инвалидска количка претворена во пиратски брод или кочијата на Пепелашка, протеза за ампутирана рака направена од „коски“ – креативни и моќни Halloween маски со кои луѓето со попреченост покажуваат дека ништо во животот не треба да биде пречка за добра забава.
Маскирањето е најзабавниот дел од Ноќта на вештерките и иако ова не е празник што се прославува кај нас, некои луѓе го обележуваат денот со костими инспирирани од популарни филмови, серии и игри.
Покрај многуте маски што ги гледаме секоја година, можеби најмногу се истакнуваат оние на луѓето со физичка попреченост.
Овие луѓе навистина го вадат најдоброто од неповолната ситуација и генијално ги користат нивните попречености за да направат креативни и моќни маски.
Во продолжение неколку вакви креативни маски:
„Лани направив неколку маски за Ноќта на вештерките, но оваа ми е омилената. Сакам да си ја носам раката од скелет насекаде“.
„Мојот 4-годишен син има церебрална парализа. Секоја година сопругата му прави маска во која е вклучена неговата инвалидска количка. Годинава го преправи во машиновозач“.
„Сопругата беше Лара Крофт. Ногата ѝ е ампутирана, па импровизираше“.
„Првата маска откако ми ја ампутираа ногата – со сопругот бевме Форест Гамп и поручникот Ден“.
„Дали вие можете да го направите ова?“
Женска верзија на Дедпул
„Мојата маска за Ноќта на вештерките во 2016-та“.
Генијална идеја инспирирана од Adventure Time
Одлична маска за инвалидска количка – Џек Спероу и неговиот брод
„Ја претворив количката на син ми во вселенскиот брод на Хан Соло од Star Wars!“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





