5 желби на повозрасните мажи, кои се плашат гласно да ги кажат

За мажите, навлегувањето и ситнењето на 40-тите години може да значи „сумирање“ на животните авантури, што може да биде и сила и слабост.

5-zelbi-na-povozrasnite-mazi-koi-se-plasat-glasno-da-gi-kazat-01.jpg

Стабилна работа, одреден социјален статус, изградени конекции и релации... Па, следи прашањето, дали ова е пикот, или почетокот на нови маки.

Помислата знае да биде застрашувачка и ретко кој маж на 40+ години ќе признае дека има желба и потреба за:

Интимни експерименти

Самата помисла дека „времето тече“ може да биде моќен афродизијак и желба да се пробаат сите непробани работи, но дури и кога имаат долгогодишен брак, мажите се плашат да разговараат на темата.

Сака голема животна промена

Понесени од желбата да ги поместат границите, бидејќи веќе имаат доволно искуство, а силата и енергијата полека им опаѓаат, мажите по 40-тата година сакаат сериозна промена.

Тоа може да биде промена на работното место, местото на живеење, далечно патување и сите работи кои со години ги одложуваат.

Сака да слушне бодрење и пофалби

Жените ретко делат комплименти на своите партнери, без да знаат дека колку што мажите се повозрасни, толку е поголема потребата од нив.

Валидацијата дека мажот е сè уште привлечен, храбар, успешен – нема рок.

Сака да го промени изгледот

Тука може да се работи за промена во косата, брадата, стилот на облекување или едноставно – ставање на тетоважа за која дотогаш не собрал храброст.

Сака изненадувања

Браковите по 40-тата година знаат да западнат во монотонија, па секое мало изненадување е добредојдено – викенд надвор од градот, пикник во парк, ручек или нешто што само него ќе му значи.

Мажите ретко разговараат за своите скриени желби, па важно е да знаете да читате меѓу редови.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg