10 ситници во изгледот со кои оставате лош впечаток кај другите
Растегнат џемпер од закачалка, наелектризирано здолниште кое се „лепи“ за нозете, валкан смартфон - другите дефинитивно ќе ги забележат овие ситници во вашиот изглед, а ова ќе има влијание врз нивниот впечаток за вас.
Колку и да велиме дека не треба да им судиме на другите според изгледот, некои детали од изгледот на другите сепак имаат влијание врз впечатокот што го добиваме.
Овде, секако, не спаѓаат убавината и килограмите, туку ситници како разресена облека и валкани врвки на патиките.
Па, кои се ситниците во изгледот со кои оставате лош впечаток?
Подгрбавеност
Правилното држење на телото прави да изгледате самоуверено, додека подгрбавеност го има спротивниот ефект и прави да изгледате несигурно
Истовремено, кога стоите подгрбавено може да изгледате и како да имате некој килограм плус.
Блузи со натписи
Ако не обрнувате внимание што пишува на блузите што ги купувате, време да го промените тоа. Овие натписи привлекуваат внимание, па имаат огромно влијание врз првиот впечаток што ќе го оставите кај некого.
Ако натписот е на јазик што не го разбирате како, на пример, јапонски, не ја купувајте блузата, без разлика колку убаво ви изгледаат буквите, бидејќи сепак не знаете што пишува.
Наелектризирана облека
Ако облечете хулахопки и здолниште од синтетички материјал, речиси сигурно ќе си имаат проблем со електрицитет. А, здолништето „залепено“ за нозете нема да изгледа најдобро и ќе остави лош впечаток.
Врвки кои ѕиркаат од облеката
Најдобро пресечете ги врвките кои служат за закачување на облеката. Некои парчиња, како џемпери, не би требало да ги чувате закачени за да не ја изгубат формата, па овие врвки се корисни само додека се во продавница.
Овие врвки речиси секогаш ѕиркаат од облеката и прават да изгледате неуредно, а бидејќи немате потреба од нив, најдобро е да ги пресечете.
Премногу накит
Накитот може да ја подобри, но и да ја влоши секоја модна комбинација. За да не се случи второто, не претерувајте со накитот.
Нема потреба да носите пет прстени, обетки, ланче и нараквици со една комбинација – многу подобро ќе изгледате ако одберете само едно парче накит кое најмногу одговара со вашиот стајлниг.