10 ситници во изгледот со кои оставате лош впечаток кај другите
Блузи растегнати од закачалки
Веќе напоменавме дека некои парчиња облека не треба да ги чувате на закачалка бидејќи ќе се растегнат.
Дури и да го носите вашиот најубав џемпер, нема да изгледа добро ако е растегнат од закачалката.
Разресени ногавици
Денес постојат модели на панталони чии ногавици се намерно разресени, но тоа е направено така што изгледа добро.
Ако ногавиците самите се разресиле со текот на времето, а вие не сте ги скратиле кончињата, ќе оставите впечаток на несредена личност.
Предолги ракави
Не е важно дали носите лежерна комбинација – ракавите не треба да ви ги кријат целите дланки.
Предолгите ракави изгледаат смешно и неуредно.
Валкани врвки
Валканите врвки можат да го уништат секој изглед, а особено доаѓаат до израз кога патиките се исчистени.
Затоа, не заборавајте да ги исчистите и врвките – најлесниот начин да го направите тоа е да ги исперете во машина, ставени во вреќичка.
Валкан мобилен телефон
Не заборавајте да ја исчистите пудрата од смартфонот по секој разговор и редовно бришете го екранот, и тоа не само од хигиенски причини.
Веројатно и самите се согласувате дека валканиот смартфон на кој се познаваат отпечатоци од прсти и пудра остава мошне лош впечаток.
Спирова С. | Црнобело