Најважните уметници низ историјата што сите треба да ги знаат + нивните најпознати дела
Ежен Делакроа (1798 – 1863)
Ежен е уметник од Франција кој имал големо влијание врз романтичарското движење во Европа. Најпознат е по умешното комбинирање на боите.
Најпознати дела:
Слобода на барикадите
Клод Моне (1840 – 1926)
Францускиот сликар Клод е еден од основачите на импресионизмот – уметнички правец кој почнал да се развива во Франција.
Најпознато дело:
Импресија, изгрејсонце (името на сликата е инспирацијата за името на правецот)
Винсент ван Гог (1853 – 1890)
Холандски сликар чии дела имале огромно влијание врз уметноста во 20 век. Најпрепознатлив е по живите бои и умешното отсликување на чувствата.
Најпознато дело:
Ѕвездена ноќ
Густав Климт (1862 – 1918)
Климт е сликар од Австрија поврзуван со правците арт нуво и симболизам. Најчестата тема во неговите дела е женското тело и скоро секогаш има доза еротицизам.
Најпознато дело:
Бакнежот
Пабло Пикасо (1881 – 1973)
Пикасо се смета за еден до најголемите сликари во 20 век, а е познат и како основач на кубизмот.
Најпознати дела:
Госпоѓиците од Авињон
Герника
Рене Магрит (1898 - 1967)
Рене е нарекуван пионер во надреализмот, а преку неговите дела ги славел потсвеста и светот на соништата.
Најпознато дело:
Синот човечки