Најважните уметници низ историјата што сите треба да ги знаат + нивните најпознати дела
Претпоставуваме дека ги знаете Леонардо да Винчи и Пабло Пикасо, но дали ги знаете другите големи имиња во уметноста?
Низ историјата постоеле безброј талентирани уметници, но малкумина оставиле белег, па дури и смислиле нови уметнички правци.
Погледнете кои се уметниците што сите би требало да ги знаат, заедно со нивните најпознати дела:
Сандро Ботичели (1445 – 1510)
Сандро Ботичели е роден во Фиренца и е најпознат по сликањето библиски и митолошки сцени.
Најпознати дела:
Раѓањето на Венера
Пролет (позната и како Алегорија на пролетта)
Леонардо да Винчи (1452 – 1519)
Да Винчи е италијански сликар кој творел во ренесансата. Некои луѓе се убедени дека тој е најголем сликар на сите времиња, но и најталентирана личност бидејќи бил и архитект, инженер, изумител, ботаничар и астроном.
Најпознати дела:
Мона Лиза
Последната вечера
Микеланџело Буонароти (1475 – 1564)
Микеланџело е ренесансен вајар, сликар, архитект и поет кој имал огромно влијание врз развојот на западната уметност.
Најпознати дела:
Таванот на Систинската капела
Давид
Караваџо (1571 – 1610)
Караваџо се смета за еден од основачите на барокното сликарство и е препознатлив по реалното претставување на човечката физичка и емоционална состојба.
Најпознати дела:
Давид со главата на Голијат
Повикувањето на Матеј
Рембрант (1606 – 1669)
Рембрант е можеби највлијателниот сликар од Холандија, но и од цела Европа.
Најпознато дело:
Ноќна стража
Јоханес Вермер (1632 – 1675)
Јоханес, познат и како Јен, е уште еден холандски сликар и творел во Златната сликарска ера на Холандија. Неретко е нарекуван „експерт за светлина“ бидејќи светлото на неговите слики изгледа премногу реално.
Најпознато дело:
Девојката со бисерна обетка