Русинка споделува: „Неколку години живеам во Јужна Кореја, кои работи ми се најчудни таму?“
Животот во Кореја е како реално шоу затоа што камери има насекаде, освен во тоалетите.
Знаејќи дека камери има насекаде, стапката на криминал е навистина ниска кај Корејците.
Одморите на Корејците се навистина кратки, само 5 дена во лето.
Плус, може и компанијата да ви даде опција кои датуми смеете да ги изберете. Во некои компании пак даваат 1 ден одмор во текот на месецот, но сепак не можете да соберете 12 такви во текот на годината за да ги искористите наеднаш. И плаќањето на боледувањето е специфично, па многу Корејци одат на работа со температура.
Луѓето во Кореја работат премногу и поради тоа има многу осамени луѓе.
Многумина не успеваат да ја пронајдат ниту сродната душа иако имаат речиси 40 години. Често за да не се многу осамени си земаат кучиња како миленици и ги третираат како деца. За нив имаат колички, пелени итн.
Корејците на некој начин си забрануваат себеси да бидат среќни.
Односно никогаш не се караат со постарите, дури и кога тие не се во право, едноставно тоа не е прифатливо таму, потоа ако сите прават нешто го прават и тие, па така често се согласуваат на работи кои реално не им се допаѓаат, живеат како сите други затоа што така било нормално.