Русинка споделува: „Неколку години живеам во Јужна Кореја, кои работи ми се најчудни таму?“
Анџелина Колешова од Сибир има сопруг Кореец и поради него се преселила во оваа држва. Вели дека има камери насекаде, многу Корејци се осамени, добиваат само 5 дена одмор во текот на летото, децата им се доделуваат на татковците, лошо се гледа на раведените жени и открива уште низа факти за животот таму...
Анџелина Колешова е девојка од Сибир која пред неколку години се преселила да живее во Јужна Кореја. Има сопруг Кореец со кого има ќерка.
На својот Инстаграм профил таа открива факти за животот во Јужна Кореја:
Корејците не даваат цвеќе многу често, но се грижливи и заинтересирани партнери, кои после работа одат дома да ѝ помогнат на сопругата со домашните обврски.
Исто така, викендите се обидуваат да ги минуваат со семејството, а ако не можат да го сторат тоа им се извинуваат на сопругата и децата.
Во Кореја луѓето не се викаат по име, тоа се смета за некултурно и грубо, исклучок е обраќањето кон децата и кон луѓето кои се помлади од вас.
Најчесто обраќањето е со титулата односно професоре, докторке итн.
Тешко е да се биде самохрана мајка поради притисокот од околината со прашања од типот „Како може една ќерка да расте без татко?“.
Луѓето јавно коментираат, па поради тоа мајките често им ги даваат децата на татковците, плус и судовите се така наклонети. Жените ова го прават и за да го сокријат пропаднатиот брак, односно разводот. Можно е дури да бидат отпуштени од работа поради тоа што го рушат моралниот углед на компанијата.
Убавината на кожата на лицето е клучна во Јужна Кореја, таа треба да изгледа здраво, свежо и хидрирано.
За да го постигнат ова жените си ставаат инјекции и прават разни третмани. Плус, опседнати се со тоа да имаат снежно бела кожа. Носот мора да биде прав и мал, а оперативно вадат дури и масни наслаги од лицето. Ринопластиката е редовна појава, ставаат и филери во усните, но со умерена големина, а девојчињата уште од 12-годишна возраст почнуваат со маски, креми и препарати за нега.
Во Кореја не е редовна практика да се носат блузи со длабоко деколте или транспарентни кошули, под нив жените задолжително носат маица во иста боја.
И костимите за капење на Корејките се затворени, како костими за нуркање. Плус, поради тоа што морињата во Кореја се студени, тие им вршат и заштитна улога. Со овие костими Корејките ја штитат кожата и од сончање.