Женско - машки речник
Разликите помеѓу половите, особено во начинот на сфаќањето и размислувањето, како и недоразбирањата кои произлегуваат од тоа се чест предмет на шеги.
Еве уште еден текс за машко женските разлики, т.е. за „машкиот“ и „женскиот“ јазик и можните разлики во значењето.
Важна напомена: текстот е шегобиен со цел да не насмее и расположи во овие летни денови.
Сепак во секоја шега има половина вистина, зарем не?
Нешто
Таа: општо име за било кој дел од под хаубата на автомобилот.
Тој: Копчето на градникот.
Ранливост
Таа: Потполно емотивно отворање пред драгата личност.
Тој: Практикување на некоја спортска активност без соодветна заштитна опрема и претходно загревање.
Комуникација
Таа: Отворена размена на мисли, идеи и чувства со партнерот.
Тој: Оставање порака пред да оди на риболов со пријателите.
Посветеност
Таа: Желба за мажење и одгледување деца со саканата личност.
Тој: Откажување од флерт со други жени додека партнерката е во близина.
Забава и забавно
Таа: Добар филм, концерт, престава или книга.
Тој: Сè што може да се прави додека се пие пиво.
Испуштање на гасови
Таа: срамен нуспродукт на варењето.
Тој: Извор на забава и сеопшта веселба, за поедини припадници на машкиот род дури и начин на самоизразување.
Далечинско
Таа: Направа за промена на каналите на ТВ.
Тој: Напрва за скенирање на апсолутно сите ТВ програми, секои пет минути.