Карактеристики на луѓето кои растеле во сиромашно семејство

Ако се прашувате од каде ви се одредени финансиски навики или карактеристики, веројатно одговорот лежи тука.

karakteristiki-na-lugjeto-koi-rastele-vo-siromasno-semejstvo-02.jpg

Луѓето кои како деца растеле во посиромашни семејства од просекот, дури и на одреден период, како возрасни развиваат одредени карактеристики.

Покрај тоа што го ценат и вреднуваат секој денар, ќе ги познаете и по други вредности, особини и навики:

1. Се грижат за храната или имаат нездрав однос кон неа

Стравот од немање доволно храна обично оди во две крајности – или ништо не се фрла и внимателно, детално се планира секој оброк, или се јаде без граници.

2. Одложување на големите давачки

Односно, купувањето на поголеми и поскапи работи, секогаш може да почека.

3. Нерационален страв од губење на работното место

Овој страв е сосема оправдан – никој не сака да остане без примања, но извршувањето на секакви задачи за да се зачува работното место е карактеристика на луѓето кои знаат како е да се расте без пари.

4. Веруваат во чуда

Луѓето кои израснале во сиромашни семејства, почесто веруваат дека ќе добијат на лото или други игри на среќа.

karakteristiki-na-lugjeto-koi-rastele-vo-siromasno-semejstvo-01.jpg

5. Сè прават сами

Луѓето израснати во сиромашни семејства се научени работите да ги прават сами, како би заштедиле пари.

7. Ништо не се фрла

Луѓето кои знаат колку тешко се заработуваат парите, двапати размислуваат пред нешто да купат, но трипати пред да го фрлат, бидејќи веќе не им користи.

8. Трошат време, наместо пари

Една од најизразените карактеристики е одбирањето да потрошат повеќе време да направат нешто сами, отколку да платат и да заштедат на време.

9. Потсвесна паника на каса

Стравот дали ќе има доволно на картичката никогаш не поминува.

M. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg