16 луѓе откриваат кој е моментот кога сфатиле дека веќе не се млади
20-годишно момче ме нарече госпоѓа и ми го скрши срцето; Си купив нов џогер и едвај чекав да си одам дома и да го пробам... Луѓе споделуваат кој е моментот кога сфатиле дека веќе не се во цутот на младоста. Кога сфативте вие?
Во еден миг, сите ќе сфатиме дека веќе не сме тинејџери и дури и да сме само во доцните 20-ти, ни станува јасно дека младоста полека станува дел од нашето минато.
Обично овие мигови и сознанија се ненадејни, најчесто кога ќе направиме или кога ќе ни се случи нешто што го поврзуваме со повозрасни луѓе, како необјасниви проблеми со коленото.
Неколку корисници на Редит го споделиле мигот кога тие сфатиле дека повеќе не се млади, а во продолжение дел од најинтересните изјави:
„Си купив нов џогер и едвај чекав да си одам дома и да го пробам. Со огромно задоволство го исчистив подот во цел стан“.
„Кога видов згодна црвенокоса на улица и наместо да помислам дека е згодна, се загрижив дали носи заштитен крем за сонце бидејќи сигурно има чувствителна кожа“.
„Кога почнаа да ми се појавуваат проблеми со коленото“.
„Кога отидов во дискотека и сите ми изгледаа како деца“.
„Сега ми е страв од тинејџери“.
„Кога едно 22-годишно момче ми понуди да се држам за него за да се симнам по скалите. Не сум стар, само бев уморен…“
„Кога отидовме во забавен парк со трамбулина за роденденот на еден пријател – си истегнав мускул во првите десет минути“.
„Кога почнав да се грижам за безбедноста на моторџиите, наместо да им се восхитувам“.
„Кога внимателно се загледав во огледалото. Во средни 20-ти сум, но забележав дека рефлексијата ми е значително променета и повеќе сигурно нема никој да помисли дека сум тинејџер“.
„Кога си ја изместив вилицата бидејќи се проѕевнав додека лежев. Не ни знаев дека ова е возможно“.
„Кога една помлада колешка почна да ми објаснува која е Карди Би. Веќе ја знаев Карди, но веројатно сум изгледала како личност на која треба да ѝ се објасни“.
„Кога си купив нови сунѓерчиња за миење садови и бев возбуден бидејќи ќе користам нов сунѓер“.
„Кога со пријателот планиравме да одиме на концерт и за првпат во животот се запрашавме дали можеби сакаме билети за седење, наместо стоење пред бина“.
„Кога ми се киваше и си помислив дека е подобро да се исправам бидејќи можам да си го повредам грбот“.
„Момче на возраст од 20-тина години ми рече ’госпоѓо‘. Ми го скрши срцето“.
„Кога сфатив дека мразам гласна музика, сакам рано да си одам дома и сакам соседите да не прават врева“.
Спирова С. | Црнобело