Низ илустрации: Лекции што вашиот син мора да ги научи за да стане добар и силен маж
Како да ги почитуваат жените
Жените просто не можат да одолеат на маж што знае како да ја ислуша партнерката и да ја почитува.
Уште од мали нозе треба да ги научиме синовите дека тоа што некоја девојка се обидува да стапи во контакт со него или му се „насмевнува“, не значи дека веднаш му се додоворува – на тој начин ќе научи да слуша и да сфати дека „не“ значи „не“.
Како да се грижат за себеси
Веќе е стереотип мислењето дека мажите не знаат да се грижат за себеси и не чистат по дома, што воопшто не мора да значи дека е точно.
Родителите треба да ги научат синовите дека просторот каде што живеат треба да е чист и уреден, особено, кога живеат со партнерка. На крајот на краиштата така ќе го научите синот да биде самостоен и да не зависи од никого.
Како да се справи со она што го измачува
Кога сме под стрес сите кажуваме работи што не ги мислиме.
Мошне е важно да ги научиме синовите на здрав начин да се справуваат со стресот, да не се истураат врз луѓето што им се блиски, затоа што тоа може да им ги уништи врските и да им ја разниша самодовербата.
Здрави пријателства – Мажите не се караат за девојки
Цврстите пријателства се мошне важни за нашите синови. Како родители треба да ги охрабруваме нашите синови да формираат цврсти пријателства и дека за девојки не треба да се караат.
Девојката што сака да го раздели со другарите не е вредна, затоа што на тој начин таа можеби го манипулира и го оддалечува од оние што му се најблиски.
Б. С. Б. | Црнобело