Низ илустрации: Лекции што вашиот син мора да ги научи за да стане добар и силен маж

„Мажите не плачат“, „Од секоја битка мора да излезеш како победник“ - Родителите честопати од мали нозе сакаат да ги научат машките деца што значи да се биде маж. Но, дали овие лекции се точни?

niz-ilustracii-lekcii-shto-vashiot-sin-mora-da-gi-nauchi-za-da-stane-dobar-i-silen-mazh-01.jpg

Лекциите за машкоста со кои ние сме израснале, а се од типот, дека мажите не плачат и не треба да покажуваат слабост, може да доведат до појавата што се нарекува „токсична машкост“ кога мажот се затвора во себеси, не говори за она што го измачува, а тоа дополнително му ја влошува комуникацијата со партнерката и другите луѓе во околината.

Затоа мошне е важно од мали нозе да ги научите синовите како да изградат здрава врска со сопствените емоции и да ги слушаат сопствените инстинкти за да си го подобрат квалитетот на живот и да му овозможите да искуси што значи да се биде среќен во вистинска смисла на зборот. Да научат дека треба да си силен за да се отвориш и да ги покажеш сопствените чувства и емоции...

Кои се најважните лекции?

Како да се признае пораз

Мошне е важно вашиот син од мали нозе да научи дека не може од секоја борба да излезе како победник, да знае да признае пораз без неговото его или гордост да го попречуваат во тоа. На овој начин вашиот син ќе знае во иднина како да се тргне од идни конфронтации и ќе научи дека не е кукавица затоа што не сака да влегува во конфликти, туку е силен маж.

niz-ilustracii-lekcii-shto-vashiot-sin-mora-da-gi-nauchi-za-da-stane-dobar-i-silen-mazh-02.jpg

Во ред е да не бидеш силен постојано

„Мажите не плачат“ – е верувањето што најчесто води до токсична машкост уште од мали нозе. Со повторување на оваа реченица децата од мали нозе ги учиме дека треба да ги потиснуваат емоциите и секогаш да покажуваат храброст.

Научете го синот дека не е помалку маж ако ги покажува емоциите – кога плаче на тажен филм или кога ги потиснува емоциите во себеси.

niz-ilustracii-lekcii-shto-vashiot-sin-mora-da-gi-nauchi-za-da-stane-dobar-i-silen-mazh-03.jpg

Да признаат дека згрешиле

Не треба да се прават дека знаат сè и дека секогаш се во право. Наместо тоа, подобро е од мали нозе да научат да признаат дека погрешиле.

Родителите имаат задача да го научат детето дека треба да учи од сопствените грешки. Никој не е совршен и затоа нема потреба да биде премногу строг кон себеси и кон сопствените падови.

niz-ilustracii-lekcii-shto-vashiot-sin-mora-da-gi-nauchi-za-da-stane-dobar-i-silen-mazh-04.jpg

Во ред е да побарате совет од родителите

Без разлика на тоа дали имате син или ќерка, мошне е важно децата да ги научите дека треба да ви се обратат кога им е потребна помош или поддршка. Тоа ќе го направите така што ќе им дадете простор да се изразат без да ги осудувате или да им се потсмевате.

Децата мора да знаат дека не се помалку вредни ако бараат помош, туку се храбри затоа што се отвораат и ги покажуваат сопствените емоции.

niz-ilustracii-lekcii-shto-vashiot-sin-mora-da-gi-nauchi-za-da-stane-dobar-i-silen-mazh-05.jpg

Тоа што го правеле со девојките не треба да се споделува со пријателите

Велат дека кога мажот нема да се пофали дека бил со некоја девојка, тоа е исто и како да не бил, но дали е тоа така?

Машките деца од мали нозе треба да се научат дека треба да ја почитуваат приватноста на другите и да не ги споделуваат приватните пораки и фотографии што ги добиле од некоја девојка. 

На овој начин уште од мали нозе ги учиме машките деца дека треба да ги почитуваат жените и дека тоа што тие го прават со девојката треба да остане во приватност.

niz-ilustracii-lekcii-shto-vashiot-sin-mora-da-gi-nauchi-za-da-stane-dobar-i-silen-mazh-06.jpg

Уште 4 илустрации на следната страна...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg