Не коментирајте колку трошат другите и уште 7 „финансиски“ бон-тон правила што скоро сите ги забораваат

Не барајте бесплатни услуги од пријателите

Ако вашиот пријатели е фотограф, а вам ви треба некој што ќе фотографира некој настан, не очекувајте пријателот да го направи тоа бесплатно.

Ова важи и ако ви треба слика од пријател уметник, парче облека од пријател дизајнер…

ne-gi-komentirajte-tugjite-troshoci-i-ushte-7-finansiski-bon-ton-pravila-shto-skoro-site-gi-zaboravaat-06.jpg

Немојте да се жалите за финансиски проблеми пред пријатели кои заработуваат помалку од вас

Немојте да му се жалите на пријателот дека не можете да си купите нов автомобил ако знаете дека тој едвај има пари за велосипед.

Ова не значи дека и вие немате финансиски проблеми, но пријателот кој заработува помалку е сигурно во полоша состојба, па не би било добро да му се жалите нему.

ne-gi-komentirajte-tugjite-troshoci-i-ushte-7-finansiski-bon-ton-pravila-shto-skoro-site-gi-zaboravaat-07.jpg

Заборавете на прашањето „Колку пари го купи ова?“

Колку го купи фустанот, колку плати за одморот, колкава ти е киријата – сето ова се прашања кои можат да направат соговорникот да се чувствува многу непријатно, без разлика дали платил многу или малку пари.

Покрај тоа, нема што вам да ве интересира колку потрошил некој за нешто.

Ако, пак, вам ви постават вакво прашање, едноставно кажете дека не сакате да зборувате за тоа. Или, подобро, прашајте ја личноста зошто ја интересира.

ne-gi-komentirajte-tugjite-troshoci-i-ushte-7-finansiski-bon-ton-pravila-shto-skoro-site-gi-zaboravaat-08.jpg

Исплаќајте им ги долговите на пријателите

Во ред е некогаш да позајмите пари од пријателите, но потрудете се да ги вратите. Ако знаете дека ќе ви требаат 2-3 месеци за да му ги вратите парите, немојте да му викате дека ќе ги вратите следната недела.

Ако не знаете дали ќе можете да му вратите, кажете го и тоа. Ако во овој случај пријателот ве одбие, немојте да се лутите – никој не е должен да ви дава пари ако не сака.

ne-gi-komentirajte-tugjite-troshoci-i-ushte-7-finansiski-bon-ton-pravila-shto-skoro-site-gi-zaboravaat-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg