Не коментирајте колку трошат другите и уште 7 „финансиски“ бон-тон правила што скоро сите ги забораваат
Кога станува збор за пари, се чини дека многумина забораваат некои основни бон-тон правила што треба да ги почитуваат.
На пример, многумина не земаат предвид дека нивниот пријател заработува трипати помалку од нив кога му се жалат за финансиски проблеми. Или, некои мислат дека имаат право да коментираат за тоа како некој ги троши своите пари што ги заработил сам.
Погледнете кои се „финансиските“ бон-тон правила кои не треба да ги заборавите:
Не коментирајте за тоа како некој ги троши парите
Коментарите за тоа како некоја личност ги троши парите не само што се неучтиви, туку и целосно непотребни.
Ако, на пример, сакате да одите во скап ресторан со пријател кој знаете дека има голема плата, а тој не сака да троши многу пари за тоа, не дофрлајте коментари како „Зарем немаш доволно пари?“ и слично. Со ова сигурно нема да му го смените мислењето, а можно е да си го нарушите односот.
Секој сам си одлучува како ќе ги троши своите пари и тоа не треба да ве засега вам.
Земете ја предвид финансиската состојба на сите кога правите заеднички планови
Ако знаете дека некој пријател исплаќа долгови, сака да штеди за нешто или, едноставно, има многу ниска плата, немојте да го терате да оди на скапо патување и слично само затоа што другите пријатели можат да си го дозволат тоа.
Кога правите заеднички планови, треба сите кои учествуваат да се во можност да ги покријат трошоците. Па, не ги ставајте пријателите во неповолна ситуација само затоа што вие заработувате повеќе од нив.
Истото важи и за купување подароци
Кога треба да купите заеднички подарок, без разлика дали за колега или пријател, немојте сами да одредувате по колку пари ќе давате.
Подобро прво информирајте се кој колку може да даде, а потоа договарајте се што ќе купувате за таа сума.
Фер делење на сметки во ресторан
Кога одите во ресторан со повеќе луѓе, најлесно е да ја поделите сметката еднакво. Но, ако некој испил само една пијачка, додека вие сте се нагостиле со најскапиот специјалитет, не е во ред да го терате да плаќа за вас.
Можеби таа личност не порачала ништо друго бидејќи нема доволно пари, па ќе ја ставите во многу неповолна положба кога ќе ја натерате да плати повеќе.
Ако сите сте изеле/испиле приближно исто, поделете ја сметката, но во спротивно најдобро секој да си плаќа за себе.