6 трикови како да ја зголемите безбедноста на домот, кога сте на пат

Не постои личност која не е загрижена за безбедноста на својот дом. Сепак, овде се наоѓаат сите наши работи, чуваме многу вредни предмети и сакаме да се осигуриме дека домот не е лесна мета за крадци.

kako-da-ja-zgolemite-bezbednosta-na-domot-01.jpg

Безбедноста на домот е нешто што сите треба да го сфатиме сериозно, особено во периоди кога одиме на патувања и нашите домови се празни по неколку денови.

Па, што можете да направите за да ја зголемите безбедноста во домот?

Ставете тајмер на светилките

Ако сте отсутни од дома на подолг период, не е исплатливо да ги оставите светилките вклучени. Покрај тоа, ако некој крадец забележи дека светилката во вашиот дом свети постојано, веројатно ќе му стане јасно дека внатре нема никој.

Затоа, најдобро ставете тајмер на светилките низ домот и наместете да се вклучуваат откако ќе се стемни, а да се исклучуваат кога би било време за спиење.

kako-da-ja-zgolemite-bezbednosta-na-domot-koga-odite-na-odmor-02.jpg

Набавете сензори за движење

Јасно е како ќе ви помогнат сензорите за движење – ќе ви кажат ако биде забележано некакво движење во вашиот дом кога не сте дома. Модерните сензори можат да ви испратат порака на телефонот, па веднаш ќе знаете ако некој влезе во вашиот дом.

kako-da-ja-zgolemite-bezbednosta-na-domot-koga-odite-na-odmor-03.jpg

Подобрете го односот со соседите

Ако сте во добар однос со соседите, тогаш среќата е на ваша страна. Дури и ако треба да отпатувате на неколку недели, тие ќе можат да внимаваат на вашиот дом.

Ќе можат одвреме-навреме да проверуваат, а и сигурно ќе ве известат ако забележат дека некој се обидува да влезе внатре.

kako-da-ja-zgolemite-bezbednosta-na-domot-koga-odite-na-odmor-04.jpg

Ставете брави со клуч на прозорците

Ако живеете на понизок кат или во куќа, добро би било да ставете и брави со клуч на прозорците. Наводно, на овој начин прозорите ќе бидат многу потешки за обивање.

Истовремено, можете и да ставите темна фолија на стаклата – со ова крадците нема да можат што има во внатрешноста на домот, па помала е веројатноста да се обидат да влезат.

kako-da-ja-zgolemite-bezbednosta-na-domot-koga-odite-na-odmor-05.jpg

Замолете некој да ја собира поштата

Полното поштенско сандаче е јасен знак дека вашиот дом е празен. Во овој случај повторно ќе ви помогне добриот однос со соседите – едноставно, замолете ги да ја земаат вашата пошта.

kako-da-ja-zgolemite-bezbednosta-na-domot-koga-odite-na-odmor-06.jpg

Не споделувајте дека сте на одмор на социјалните мрежи

Можеби едвај чекате да објавите фотка од одморот, но ако имате многу пријатели и следбеници на социјалните мрежи, подобро воздржете се додека да се вратите дома.

Ако не знаете кој сè ги гледа вашите објави, тогаш не знаете ни дали меѓу нив има крадец кој само чека да го напуштите домот.

kako-da-ja-zgolemite-bezbednosta-na-domot-koga-odite-na-odmor-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg