8 луѓе со вистински супермоќи што ја збунуваат науката
Најгласната жена во светот
Аналиса Фланаган од Ирска е жената со најгласниот глас во светот. Кога го срушила светскиот рекорд, Аналиса викнала со иста јачина како мотор од авион или рок концерт.
За жал, кратко по овој настан морале да ѝ ги отстранат крајниците, по што Аналиса ја изгубила својата супермоќ.
Мажот кој е отпорен на струја
Шокот од електрична струја може да биде смртоносен, но веројатно не и за Раџ Мохан Наир од Индија. Наводно, тој може да издржи електрошокови кои би биле смртоносни за обичниот човек, но не е познато од каде оваа отпорност.
Тој се има појавено во емисијата Superhumans, која е посветена на луѓе со натприродни способности и иако во емисијата изгледа како неговата отпорност на струја да е вистинска, постојат многу експерти кои се скептици.
Мажот со натчовечки способности за сметање
Даниел Тамет е таканаречен „савант“ – личност која може да има ментални нарушувања, но други способности (сметање, меморија) со кои ги надминува обичните луѓе.
Даниел може напамет да множи 3-цифрени броеви, зборува неколку јазици, а има измислено и еден свој. Тој може и да го изрецитира бројот Пи до 22.514-та децимала – за овој подвиг му биле потребни пет часа.
Интересно е што луѓето како Даниел не можат да објаснат како ги прават овие нешта и најчесто си ги поврзуваат броевите со други нешта. На пример, Даниел вели дека во неговиот ум, секој број до 10.000 има своја форма, боја и текстура. Веројатно овие нешта му помагаат да прави сложени пресметки за кратко време.
Човекот-магнет
Лиу Тоу Лин од Малезија е познат како човекот-магнет од очигледната причина – тој може да „закачува“ метални предмети на неговото тело, како да е магнет.
Тој работи како забавувач и еднаш успеал да нареди околу 36 килограми метал на неговото тело.
Направено е едно истражување за Лиу, од страна на Универзитетот за технологија во Малезија, кое покажало дека неговата супермоќ не е поради магнетно поле. Наместо тоа, неговата кожа создавала поголемо триење од просечниот човек, па затоа предметите се закачувале за него. Наводно, оваа особина е генетска и ја наследиле три од внуците на Лиу.
Спирова С. | Црнобело