8 луѓе со вистински супермоќи што ја збунуваат науката

Маж кој го знае бројот Пи до 20.000-та децимала, жена која може да викне гласно колку авион, тибетски свештеници кои ја контролираат нивната телесна температура – светот е полн со луѓе кои навистина имаат супермоќи.

8-lugje-so-vistinski-supermokji-shto-ja-zbunuvaat-naukata-01.jpg

Иако уште не се родила личност со супермоќ како летање, сепак постојат луѓе кои имаат чудни способности. Нормално, постојат и многу луѓе кои само тврдат дека имаат некоја натприродна способност и неретко се „фатени во лага“. Но сепак, има и луѓе чии супермоќи науката уште не ги побила.

Во продолжение дознајте за неколку од нив:

Мажот кој не чувствува болка

Тим Кридланд од САД е маж кој не чувствува болка, а од тоа си направил цела кариера. Тим е забавувач, а неговите настапи вклучуваат многу опасни точки, како голтање мечови и нанесување повреди на телото.

Со цел да не се повреди многу бидејќи не чувствува болка, Тим детално ја изучил човечката анатомија.

8-lugje-so-vistinski-supermokji-shto-ja-zbunuvaat-naukata-02.jpg

Луѓе кои можат да ја контролираат нивната телесна температура

Оваа техника, позната како „тумо“, ја користат тибетските свештеници. Техниката е комбинација од вежби за дишење и медитација, со кои свештениците можат да ја менуваат нивната телесна температура.

Направени се и неколку истражувања за ова, од кои во едно свештениците ја зголемиле температурата на нивните прсти за околу 8 степени.

8-lugje-so-vistinski-supermokji-shto-ja-zbunuvaat-naukata-03.jpg

Мажот со натприродна сила

Џон Фераро, попознат за јавноста како Џино Мартино, е борач, но и маж со енормна физичка сила. Покрај бројните борби во рингови низ САД, Џино има неколку, многу поимпресивни подвизи, како виткање големи челични шајки со главата и кршење железо и бетонски тули од неговата глава.

8-lugje-so-vistinski-supermokji-shto-ja-zbunuvaat-naukata-04.png

Мажот што јаде сè

Мишел Лотито е забавувач од Франција кој сака да јаде сè и сешто, вклучувајќи и метал, стакло и гума. Тој почнал да јаде необични нешта во тинејџерските години, а подоцна бил дијагностициран со нарушување поради кое го има овој необичен апетит.

Мишел има и поиздржлив стомак од просечниот човек, па затоа може да дигестира чудни материјали без проблем. Тој има изедено и цел (помал) авион, во период од две години.

8-lugje-so-vistinski-supermokji-shto-ja-zbunuvaat-naukata-05.jpg

Уште 4 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg