Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исповеди на луѓе: „Чудната работа со која ме привлече мојот партнер“

Малите гестови и карактеристики со кои се одликува една личност се всушност еден вид на магнет со кој луѓето се привлекуваат.

10-lugje-spodeluvaat-nesekojdnevni-odgovori-na-prashanjeto-shto-seksualno-gi-privleklo-kaj-nivniot-partner 01 630x330.jpg

Мала палава насмевка, игра со косата, нервозно крцкање на прстите, разиграно кренати веѓи - одредени навики или слатки несовршености на личноста кои буквално може да нѐ стопат.

Но, се разбира, вкусовите се различни.

Зарем досега не сте слушнале изјава од типот на: пријателка ви се јавува и детално опишува колку слатко се брише со салфетката нејзиниот нов познаник. Додека слушате, веројатно се прашувате што е убаво и слатко во тоа, но што е најважно, неа ѝ се допаѓа.

На платформата Reddit луѓе започнале дискусија околу прашањето: „Што е она со што вашиот партнер ве привлекол, а е сосема чудно и несекојдневно?!“ – одговорите биле изненадувачки и навистина интересни.

Во продолжение за вас издвоивме 10 од нив:

Шарени чорапи

„Носеше супер „фенси“, шарени чорапи и дополнително – не ѝ се совпаѓаа. Тотално полудев!“

Списание и гума за џвакање

„Обожавам долги, непрактични нокти и кога жена чита списание џвакајќи гума за џвакање. Секако поради неа“.

Исцрпеност

„Не знам зошто, но исцрпените мажи ми изгледаат екстремно секси. Веројатно затоа што исцрпеноста е толку близу до реалноста. Сопругот е градежен работник“.

Компјутерски вештини

„Дечко ми знае да направи одлична табела на Excel. Тоа неверојатно ме возбудува“.

Во автомобил

„Кога тој ја става десната рака на задниот дел од совозачкото седиште возејќи наназад, за да погледне подобро. На овој негов потег сум сосема слаба“.

10-lugje-spodeluvaat-nesekojdnevni-odgovori-na-prashanjeto-shto-seksualno-gi-privleklo-kaj-nivniot-partner 02 630x415.jpg

Кисело и секси

„Кога некој може да јаде лимон без да прави гримаса. Мојата девојка го направи тоа на нашиот прв состанок и сега сме заедно повеќе од една година!“

Лузни

„Обожавам лузни. Секоја има своја приказна која сакам да ја знам“.

Ботаничар

„Мислам дека жените кои одгледуваат многу домашни растенија се претерано секси“.

Туширање

„Кога дечко ми излегува од туш и ја вади крпата што штотуку ја искористил за неговата глава. Потоа стои потполно гол и личи на Дева Марија. По неговото туширање често имаме секс“.

Груб глас

„Груб глас кај жена. Ако звучи мажествено, едноставно ми е премногу секси – а ни самиот не знам зошто“.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg