5 најевтини земји во светот каде што луѓето се пензионираат покрај море

Статистиката во САД покажува дека сè поголем број на Американци решаваат да се пензионираат надвор од границите на матичната држава. Дури 8,7 милиони луѓе се отселиле во странство после пензионирањето. 

5-najevtini-zemji-za-penzioniranje-pokraj-more-01.jpg

Зошто го прават тоа? Која е причината?

Ниските цени и подобриот стандард на живеење, особено во онаа доба од животот кога навистина ви е доста од сè, а главниот приоритет ви е коктел со поглед на море. Доколку се пронајдовте во описот, било да сте 25-годишни или пак пензионери, веројатно барем еднаш во животот ви поминала мислата колку би било убаво да живеете покрај море и плажа.

Ова е списокот на земји коишто се финансиски пристапни кога станува збор за живеалишта, комунални услуги, превозот и храната. За самец, месечните трошоци за живот изнесуваат под илјада евра. Доколку на прв поглед тоа ви изгледа како премногу споредено со нашите простори, сепак потсетете се дека ќе живеете во тропска земја како од разгледница.

Костарика

Оваа држава лоцирана во средниот дел на Америка е „Мека“ за иселениците од целиот свет. На шпански „Costa rica“ означува „Богата земја“, што сосема си ја оправдува симболиката. Костарика е омилената дестинација за пензионирање поради начинот на живот кој подразбира умерено темпо, а главната грижа во денот ќе ви биде дали ќе го уловите зајдисонцето.

Ова воедно е и најевтината земја кога станува збор за недвижности покрај вода. Умерена клима, многу зеленило и природа, многу ресторани со вкусна храна и квалитетна здравствена заштита. Патиштата можеби не се најсјајни во сите делови од земјата, но токму поради сето ова, Костарика е автентично парче рај на земјата.

5-najevtini-zemji-za-penzioniranje-pokraj-more (1).jpg

Панама

Уште еден скапоцен камен во централна Америка, омилен помеѓу доселениците кои доаѓаат од север. Добивањето на жителство е релативно лесно, а и Панама слично како и Костарика може да се пофали со квалитетни здравствени установи. Голем дел од населението зборува англиски и се користи американскиот долар како валута.

Освен гостопримливоста кон дојденците, градовите во Панама се многу динамични и возбудливи, со богат друштвен живот. Плажите се апсолутно прекрасни, а може да живеете со 800 евра месечно.

5-najevtini-zemji-za-penzioniranje-pokraj-more (2).jpg

Камбоџа

Доколку размислувате за Азија како дестинација каде што би можеле поволно да се пензионирате, Камбоџа е можеби далеку, но прекрасната природа, културата и храната ќе ја надоместат оддалеченоста изразена во километри.

Дури 3 години по ред, Камбоџа е прогласена за најдоброто место за живеење според категоријата трошоци за живот. Тука ќе пронајдете истомисленици кои се одлучиле за евтин и возбудлив живот во непозната земја. Во главниот град Пном Пен може да најдете модерно уреден еднособен стан за само 200 евра, а многумина се одлучуваат да се пензионираат во модерното одморалиште Кеп.

5-najevtini-zemji-za-penzioniranje-pokraj-more (3).jpg

Еквадор

Повторно се враќаме, овој пат малку подолу во Америка. По Костарика и Панама, главниот адут за пензионери е евтиниот живот во Еквадор, држава во северозападниот дел на Јужна Америка, лоцирана на брегот на Тихиот океан. Километри и километри долги плажи и насекаде насмеани лица.

Ова е земја со евтин стандард и со многу свежо овошје и зеленчук. Еквадорската авантура може да ја започнете во Cuenca, некои пак се упатуваат директно кон океанот, а други одбираат шармантни мали рибарски гратчиња за своите пензионерски денови.

5-najevtini-zemji-za-penzioniranje-pokraj-more (4).jpg

Португалија

Конечно, европска земја. Португалија е „на цена“ поради прекрасните километарски плажи, симпатичните рибарски селца и можноста да се ужива покрај вода. Доселениците ја сакаат поради квалитетниот живот и можностите коишто ги нуди Португалија. Мафра и Ерицеира се двете најпосакувани португалски дестинации кога станува збор за пензионирање, исполнети со живот и смеа.

5-najevtini-zemji-za-penzioniranje-pokraj-more (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg